Секој ден нанесуваме шминка на лицето и се обидуваме да изгледа што е можно поубаво, но секогаш постои некој чекор за кој ни е потребен трик што треба да го направиме за да изгледаме подобро. Коректорот секогаш се собира под очите, маскарата се пресликува на очниот капак, пудрата не „лежи“ убаво на лицето и така натаму во недоглед. Сепак, важно е да се напомене дека подготовката на кожата пред нанесување на декоративна козметика е неопходна, затоа што од подготовката зависи како ќе изгледа шминката на крајот. Ви носам неколку едноставни трикови и совети за вашата шминка да изгледа што е можно поубаво.
Крем за лице на четка за шминка!
Пудрите кои имаат голема покривност многу пати можат да изгледаат лошо и тешко на лицето. Изборот на четка може да биде погрешен, така што финишот нема да изгледа како дел од кожата. За да постигнете пудрата да изгледа што е можно поприродно и подобро, нанесете на дланка малку крема која секојдневно ја користите и со помош на четка нанесете на лицето. Така пудрата подобро ќе се стопи со кожата, а вашата кожа нема да стане сува по некое време. Бидејќи четката од кремот малку е влажна нема да остави траги од влакната, но ќе даде изедначен изглед.
Крема за очи против собирање на коректорот!
Ретко кој коректор нема тенденција да започне да се собира под очите, особено кај жени со сув предел околу очите. Нанесете го коректорот со прсти бидејќи топлината на телото ќе помогне коректорот да се стопи со кожата. Почекајте коректор да легне на вашата кожа и ако имате чувство на тежина под очите или коректорот се вовлекол во фините линии, со лесни движења потапкајте малку крем за очи околу областа на очите. Со прстите не повлекувајте по кожата бидејќи тоа ќе го „избрише“ коректорот. Бидете сигурни дека кремот не е премногу мрсен, бидејќи тоа може да ја уништи вашата основа.
Пудра за фиксирање како помош при прецртување на усните!
Сите понекогаш сакаме да ги прецртаме усните за да добиеме подобар ефект. За да изгледа што е можно поприродно и да се избегне видливоста на линијата помеѓу природните усни и моливот за усни, на мала четка треба да ставите малку пудра за фиксирање. Треба да се напомене дека пудрата мора да биде транспарентна. Пред да нанесете кармин и молив за усни, треба да ја отстраните пудрата од усните и да нанесете малку балсам за усни за да ги хидрирате и да ги подготвите усните за следниот чекор. Деталната постапка може да ја видите во видеото од познатата мејкап артистка Lise Eldridge.
Кога сте уморни, користете виолетов молив за очи!
За ефект на поголеми очи се користи бел молив на долната линија на окото, но кога лицето изгледа уморно и исцрпено, нанесете малку виолетов молив за очи. Белата во тој момент може да изгледа прилично нападно и неприродно, така што виолетовиот пигмент помага да го осветлите целото лице. Користете ја мат-верзијата бидејќи ќе изгледа најприродно. Врамете ги очите со маскара за подобар ефект.