Повторно отворање на парфимеријата Anabella Beauty Spot во City Mall, со многу изненадувања, попусти и подароци за своите купувачи.
Anabella Beauty Spot во ново, проширено издание. На површина од 150м2 во најголемиот трговски центар City Mall во Скопје и нов изглед, го најавува своето повторно отворање оваа сабота, 24.10.
По тој повод, за своите купувачи обезбеди многу изненадувања, подароци и попусти.
Покрај досегашните ексклузивни брендови кои можеа да се најдат само во Anabella Beauty Spot, понудата се зголеми со голем број новитети од козметичката индустрија.
Како и секогаш, Anabella се грижи за одличната услуга и задоволните клиенти, затоа обезбеди подароци со секоја направена сметка.