Прекумерното сјаење на кожата под шминката е многу чест проблем кај мрсен или комбиниран тип на кожа. За матирање на лицето обично користиме транспарентна мат пудра во прав или мат фиксатор. Ако ниедна количина од овие производи не ја држи вашата Т-зона под контрола, време е да ја испробате корејската техника „jamsu“! Само ќе ви напоменам дека овој трик вклучува сад со ледена вода!
Што значи „jamsu“?
Зборот „jamsu“ на корејски значи нуркање или потопување! Овој трик бара вашето свежо нашминкано лице со течна пудра да го потопете во сад со ледена вода за да го фиксирате и да го матирате тенот. На прв поглед се чини дека оваа постапка делува непријатно за вашето лице, но сепак дава фантастични резултати во вид на долготрајна основа и матиран тен.
Како да го изведете „jamsu“ трикот?
Нанесете течна пудра како што правите вообичаено. Потоа, нанесете подебел слој од бебешка пудра или транспарентна пудра во прав! После тоа, лицето се потопува во сад со ледена вода 3 пати по 10 секунди. После, лицето се тапка со хартиен бришач или пешкир за да се впие вишокот на вода, а рутината за шминкање продолжува како и вообичаено – шминка на очи, усни, руменило, бронзер, контури. После 10 часа носење, вашиот тен ќе биде ист – матиран, кадифен и без прекумерен сјај!
Како функционира овој трик?
Слично на мејкап техниката „baking“, кај трикот „jamsu“ се користи голема количина на пудра во прав. Бебешката пудра или baking пудрите се познати по својата способност да апсорбираат маснотии и влага (пот). Ледената вода е еквивалент на вашата омилена четка за шминка и со неа се отстранува вишокот на пудра без да се помести течната пудра. Молекулите на водата ги одбиваат честичките на пудрата во прав, втиснувајќи ги што подлабоко во кожата.
Голем број на мејкап блогери и врвни модели се опседнати со трикот „jamsu“, а една од нив е манекенката Kate Moss.
Како изгледа целата „jamsu“ постапка, погледнете на видеото: