Некои правила за шминкање постојат со децении и сеуште слепо ги следиме. Но, знајте дека перцепцијата за убавина се смени, како и техниките за шминкање, а да не ги спомнувам трендовите! Затоа во продолжение ви издвоив 5 застарени правила за шминкање кои повеќе не важат!
Овие правила за шминкање повеќе не важат!
#1 Првиот чекор во шминкањето треба да биде пудрата!
Ова повеќе не важи! Иако секогаш шминкањето го започнувавме со основа за тенот, сега кога мејкап производите за очи се поубави и волшебни, најдобро е да започнете со очите! Зошто? Ако правите smokey eye или користите светкави или пигментирани сенки, остатоци од сенките за очи ќе паднат на нашминканиот тен и ќе го уништат! Ако течната пудра ја нанесете на крајот од шминкањето, ќе имате доволно простор и време да ги поправите сите грешки.
#2 Црвенокосите не можат да носат црвен кармин!
Едно од застарените правила – некогаш се сметаше дека црвенокосите дами треба да избегнуваат црвен кармин, бидејќи нијансата на косата и карминот не се совпаѓаат. Денес, кога има црвени нијанси за секој од нас, ова правило повеќе не важи! Само треба да ја пронајдете вашата нијанса на црвен кармин, кој ќе одговара на вашиот тен.
#3 Се нагласуваат или усните или очите!
Ова правило за шминкање важеше до неодамна – при нанесување на шминка ставаме акцент или на усните или на очите, а не на обете! Со појавата на различни стилови на шминкање и под влијание на „Инстаграм шминкањето“, ова правило едноставно го отфрливме. Нагласените очи можат многу убаво да се носат со нагласени усни, но доколку само се работи за вечерно излегување.
#4 Маскарата не треба да се нанесува на долните трепки!
Црна маскара на долните трепки се избегнуваше подолго време, затоа што се постигнуваше ефект на изморени очи, а покрај тоа неизбежно беше ронењето на маскарата и неуредниот изглед. Денес, без маскара на долните трепки не може да се постигне јасна дефиниција на окото. Ако маскарата ви се рони при нанесување на долните трепки, само исчистете ги дамките со стапче за уши натопено во мицеларна вода.
#5 Нијансата на кармин и молив мора да се совпаѓаат!
Многу одамна, секој од нас имаше своја омилена комбинација на кармин и молив за усни во иста нијанса. Но, зошто би го имале тоа? Ако усните ги исцртате со малку потемен молив во споредба со бојата на карминот, ќе постигнете ефект на полни и волуменски усни. Моливот има ефект на контури и затоа не треба да биде со иста нијанса како карминот. Секогаш бирајте квалитетни и долготрајни моливи, со што шминката на вашите усни ќе трае подолго.