Италијанската модна куќа Valentino со мирисот Voce Viva направи нов чекор во историјата на Valentino Beauty. Заштитно лице на луксузниот мирис е пејачката Lady Gaga.
Voce Viva е химна на храброста, индивидуалноста и слободата!
Во срцето на филозофијата на парфемот е гласот (Voce) – неговата моќ, единственост, важност и способноста за влијание. Гласот и парфемот имаат многу заедничко: тие оставаат невидлив, но изразито незаборавен белег. Тие претставуваат единствена карактеристика на секоја жена.
Кога гласот ја зборува вистината, неговото влијание врз светот и луѓето може да има неверојатна моќ и убавина. Тоа стана инспирација за парфемот Voce Viva, како и неговиот слоган: „Мојот глас, мојата сила“.
Вистински глас на жена!
Видеото за парфемот Voce Viva каде Lady Gaga го претставува „гласот“ е покана за заедништво и свет на поголема вклученост. Прослава на еднаквост, почит кон генерација без граници. Песната е посветена на различноста и вклученоста, наследството и модерноста, пораката на видеото „Мојот глас, мојата сила“ ги повикува луѓето да го употребат својот глас за да ги споделат сопствените вредности, различности и верувања.
„Мојот глас е она за што се залагам, она поради што ме слушаат, потврда за мојата индивидуалност. Гласот е жив. Тој има свој живот. Гласот е сила на природата. Природата е моќна. Важно е како го користите“, изјави Lady Gaga.
Со модерно чувство за фотографија и филмски пристап во видеото е доловена Lady Gaga во моќниот момент кога една жена го користи својот вистински глас. Lady Gaga сама, помеѓу стебла со расфрлена светлина во шума во Лос Анџелес со цел да се почитува социјалното дистанцирање на целиот свет му ја пее песната „A Sine from Above“, а луѓето снимени на покривите на напуштените згради во Барселона ги соединуваат своите гласови во хор, ја слушаат песната и се придружуваат на нејзината инспиративна енергија. Напишана во чест на моќта на музиката што и помогна да го смени животот, кога ќе ја слушне песна „нејзиното срце веднаш заздравува“.
Креаторите на мирисот во соработка со парфимерите Honorine Blanc и Amandine Claire Marie, во парфемот воведоа три основни принципи на брендот Valentino: Color, Cool, Couture.
Мирис кој зрачи со слобода!
Voce Viva е цветно-дрвенест мирис, чии ноти ја слават силата на жените и стануваат нивниот глас. Мирисот започнува со есенции на бергамот, омекнати со нота на слатка и сочна италијанска мандарина. Свеж и пикантен екстракт од ѓумбир ги надополнува овие живописни цитрусни ноти.
Срцето на мирисот создава букет од бели цвеќиња кој остава посебна трага. Луксузниот мирис на цвет од портокал се меша со овошната нијанса на златна гарденија и шпански јасмин.
Неочекуваната хармонија на кристалната мов (која долго беше резервирана за машки мириси) изненадува со своите дрвенести и минерални ноти во основата на мирисот и влегува во жешка игра. Топлото и млечно сандалово дрво е во хармонија со слаткиот мирис на ванила од Мадагаскар. Таа неочекувана острина на мов, омекната од сензуалната ванила зборува за слободата.
Уникатно шише со бунтовен дизајн!
Уникатниот дизајн на шишето ве повикува да го земете во рака и да го покажете вашиот сопствен глас. Овој пат, брендот Valentino избра комплетно нова, светла и динамична розова нијанса на култната црвена боја на оваа модна куќа.
Шишето е украсено со Valentino Rockstud (нитни) детали кои додаваат бунтовен допир за поголема самодоверба. Софистицираноста и чистотата на линиите дополнително ја нагласуваат вештината на дизајнот, што потсетува на силуета и облини на фустан од високата мода во средината на шишето.
#MyVoiceMyStrength