Најчесто одбираме парфеми кои делуваат како инстант поттикнувачи на расположението, особено кога сме под стрес или сакаме дополнително да го разубавиме нашето расположение. Тие веднаш ни носат чувство на удобност. Покрај тоа, мирисите евоцираат спомени од детството или одредено место и време што не прави да се чувствуваме подобро. Но, често менуваме парфеми во зависност од годишните времиња. Во зима посакуваме малку поинтензивни мириси кои ќе не „загреат“, додека за пролет и лето обично преферираме цветни, свежи и понежни мириси.
За среќа, секоја година се лансираат толку многу нови парфеми кои се создадени да ни помогнат да ги разубавиме пролетните денови. Оваа година, пролетните парфеми мирисаат повеќе разновидно од било кога!
Пролетни парфеми кои ќе ви го освежат секој ден!
Понекогаш се чувствуваме прилично збунето кога станува збор за избор на нов мирис. Едниот може да биде премногу овошен или недоволно мошусен, додека другиот може да содржи мешавина од состојки за кои никогаш порано не сме чуле. Но, на крај секогаш постои еден што точно ќе ни одговара.
Всушност, совршениот мирис може да биде оној што веќе го познавате и сакате, но само со мал пресврт и во ново издание. Добри примери за такви парфеми се Chanel Coco Mademoiselle L’Eau Privée или Marc Jacobs Daisy Spring. За да ви го олеснам изборот, во продолжение дознајте кои се најдобрите пролетни парфеми што ќе ги обожавате да ги користите.