Bourjois го маѓепса светот со новата Mon Bourjois колекција на парфеми и ги покана сите свои следбеници да го изберат својот парфем додека се шминкаат за да се чувствуваат добро!
Bourjois жена – блескава, палава и сензуална парижанка!
Со Mon Bourjois колекцијата на парфеми, францускиот бренд го подобри мирисниот универзум. Како вистински симболи на елеганција, парфемите нудат моментално чувство на среќа. Со разиграна естетика и светли бои, шишенцата на овие парфеми за жени совршено ја опишуваат Bourjois жената – блескава, палава и сензуална парижанка.
Три мириси со побудувачки имиња!
Откривајќи нова моќ означена со извесна дрскост, парфемите Mon Bourjois мирисаат на среќа. Три мириси со побудувачки имиња – „La Fantastique“, „La Formidable“ и „La Magnétique“ го одразуваат креативниот дух на Bourjois универзумот. Свежи композиции со меки акценти, софистицирани ноти и ориентални мириси со многу неочекувани пејзажи за откривање. Bourjois жената го избира својот парфем додека се шминка за да се чувствува добро.
Кој мирис ќе ги плени вашите сетила?
Трите мириси, претставени во вишна розова, лимонов шербет и интензивни праска шишиња, се исполнети со радост и создадени да дистрибуираат радост. Парфемските шишиња се крунисани со златно зрно на радоста!
Mon Bourjois La Fantastique
La Fantastique – свежа и светла композиција со меки цветни акценти.
Оваа блескава и свежа композиција е мирисно изразување на сонливата и женствена страна на Bourjois жената.
Розовите бобинки во горните ноти се отвораат кон блескавото срце од извонредни ноти на јасмин и роза, избалансирани со ноти на сочна круша. Основните ноти на мошус и кашмирско дрво обезбедуваат долготраен мирис.
Mon Bourjois La Formidable
La Formidable – шик мирис за жени со неодолива софистицираност.
Женскиот парфемот Mon Bourjois La Formidable е сончев и шик мирис. Создаден за жената која со срцето припаѓа на Париз, овој модерен мирис открива меки и блескави аспекти.
Цитрусните горни ноти на бергамот отстапуваат место за сончево срце со сјајни и цветни ноти. Богатата и моќна база на ноти од пачули додава длабочина и интензитет на овој безвременски и решителен женствен парфем.
Mon Bourjois La Magnétique
La Magnétique – ориентален мирис со гурманска и зависна трага.
Целата фантазија и возбуда на возење на рингишпил во срцето на главниот град… преточена во парфем! Ова е магијата на La Magnétique, неповторлив килибарен мирис кој ја носи неповторливата сензуалност на парижанките.
Неодоливо радосните горни ноти на мандарина, совршено го балансираат прекрасното цветно срце од роза и јасмин. Зависниот акорд од бели дрвенести ноти во комбинација со ванила, нежно го обвиваат парфемот со топол и килибарен шарм.