После лансирањето на 212 Men Heroes – парфемот за мажи во забавно шише во форма на скејтборд, Carolina Herrera ја збогатува парфемската линија 212 Heroes со додавање на женско издание. Двете креации ја слават младоста, слободата и автентичноста, нудејќи енергична и радосна композиција полна со динамика.
Тема на мирисот! Младост, автентичност, слобода!
212 Heroes For Her е храбар женски мирис кој ја заговара младоста без ограничувања, автентичноста и слободата да се биде свој. Овој мирис ја претставува групата инспиративни жени кои го менуваат светот со талент, посветеност и автентичност. Претставува топол излив на енергија за младите во срцето кои вечно се трудат да се ослободат.
Мирисот!
212 Heroes For Her е одважен мирис, исто како и жената што го носи. Формулиран со 100% сертифицирани вегански состојки од одржливи извори. Се отвора со наплив на акорди на сочна малина кои ја крунисуваат композицијата со сончеви акорди на цитрусни овошја, кои доведуваат до срцето од сензуални бели цветови и цветови на божур. Белиот букет ги обзема сетилата со комбинацијата од јасмин и цветови од портокал, опкружени со божур. Основата од сандалово дрво и кедар предизвикува зависност, а воедно додава длабочина на мирисот, задржувајќи се со часови на кожата.
Шишето!
Револуционерното шише во форма на скејтборд од оригиналниот 212 Heroes мирис е издигнато до нови спектакуларни височини со софистицирана верзија на розово злато, иновативно изработено од стакло и хром – симбол на младоста, модерната женственост и самоизразувањето.
Заштитни лицата на парфемот! Indya Moore и Taylor Hill
Моделите Indya Moore и Taylor Hill се заштитните лица за најновиот парфем на Carolina Herrera.
212 Heroes For Her е достапен во шишенца од 30, 50 и 80 мл, како Eau de Parfum.