„Секоја жена заслужува барем еден Chanel парфем“ – ако се согласувате со оваа изјава, вие сте на вистинското место!
Chanel e „Светиот грал“ во светот на парфемите!
Поседувањето на Chanel парфем веќе цели сто години е прашање на престиж, а жените кои со децении се верни на овој бренд тврдат дека едноставно нема алтернатива за овие специфични парфеми.
Без разлика дали сте класичен тип на жена, која со години е верна на истиот мирис или уживате да експериментирате и сакате да ја истакнете својата индивидуалност со парфем, во колекцијата на парфеми Chanel сигурно ќе го најдете омилениот.
Заслужен култен статус!
Култниот статус што денес го имаат парфемите на овој бренд е заслужен, а во последниве сто години многу познати холивудски убавици беа маѓепсани од парфемите на Chanel.
Ако сè уште не сте горд сопственик на Chanel парфем или сакате да ја комплетирате својата колекција на класици вие сте на вистинското место. Ви ги претставувам најдобрите 5 женски парфеми на брендот Chanel на сите времиња.
Chanel N°5 Eau de Parfum
Славната „петка“ е категорија сама за себе – за овој парфем напишани се книги, снимени се документарни филмови и раскажани се приказни на сто јазици… Бројот на познати дами кои имаат изјавено дека не можат да замислат ден без него се брои во илјади, а оваа година Chanel N°5 наполни цели сто години.
Coco Chanel овој мирис го создаде за да „мириса на жена“, а таа задача му ја довери на славниот парфимер Ernest Beaux. Дотогаш незамисливо, овој парфимер комбинираше невидена мешавина од ветивер, ylang ylanga, цвет од портокал, сандалово дрво, нероли, тонка грав, роза и јасмин – правејќи микс од овие есенции во дури 10 различни комбинации и соодноси кои ги претставил на Coco за да може да ја одбере омилената комбинација.
Претпоставувате, таа ја одбра комбинацијата со бројот 5, според кој најпознат парфем на сите времиња го доби името по кое денес го препознаваат во секој дел на светот.
Chanel Coco Mademoiselle Eau de Parfum
За љубителите на топли, земјени ноти во комбинација со лесна цветна арома – Coco Mademoiselle е апсолутен фаворит во редовите на Chanel. Цветниот мирис со ноти од портокал, пачули и турска роза е понежен од многу други цветни мириси и е препознатлив по неговиот софистициран карактер што одговара на дами од сите возрасти.
Уникатната мешавина од роза и јасмин совршено е подигната со ноти од портокал и пачули, што на парфемот му дава доза на тежина, а истовремено го прави свеж и разигран.
Овој парфем беше лансиран во далечната 2001 година, а го креираше парфимерот Jacques Polge. Покрај топлиот цветен мирис, овој парфем се карактеризира и со лесни пудрести ноти, а фактот што релативно бавно испарува од кожата, го прави совршен избор за секојдневни прилики.
Chanel Chance Eau Tendre
Chanel Chance Eau Tendre беше претставен во 2010 година, а зад него стои истиот парфимер Jacques Polge. Овој модерен, сензуален мирис е многу свеж, воздушест и лесен, а жените низ целиот свет го обожаваат поради специфичниот цветен мирис што во другите парфеми не можат да го најдат.
Неговиот состав се базира на само неколку состојки – јасмин, роза, бел мошус, грејпфрут и дуња, а тоа се аромите што го прават овој парфем препознатлив. Цветно-овошната комбинација е одлична за секојдневна употреба, но овој мирис е дораснат и за свечени прилики.
Во нотите на срцето и основата доминира јасмин, мошус и килибар, што го прават мирисот многу топол и сензуален, а неговото задржување на кожата е исклучително долго.
Chanel Gabrielle Eau de Parfum
Во низата на цветни класици од брендот Chanel се вбројува и Gabrielle. Овој мирис е претставен во 2017 година, а препознатлив е по неговиот смел, апстрактен карактер кој ретко се наоѓа.
Во горните ноти на композицијата доминира грејпфрут, мандарина и црна рибизла, во срцето на мирисот цвет од портокал, јасмин, ylang-ylang, крин од долината, круша и розов бибер, додека во основата сандаловото дрво и ирис му даваат на парфемот посебна доза на топлина.
Овој парфем го препознаваме по четвртастото шише изработено од исклучително тенко стакло, а капачето и етикетата зрачат со златни тонови.
Chanel Allure Eau de Parfum
Списокот на најдобрите парфеми на Chanel не може да помине без Allure Eau de Parfum, претставен во 1996 година, а го креираше парфимерот Jacques Polge.
Богатиот и комплексен мирис првично дише со свежи и цитрусни ноти, а после тоа следи раскош на цветни и дрвенести тонови со додаток на ванила.
На кожата се здржува екстремно долго време, а најголемата особеност на овој мирис е фактот што истовремено зрачи со различни акорди: лимонот и бергамот се заслужни за свежината, мандарината и праската му даваат овошна нота, цветната мешавина и ванила му даваат доза на ориенталност, а во основата нотите од ветивер и пачули се издигнуваат со топлина и сензуалност.
Цветно-ориенталниот карактер на овој парфем му дава исклучителна доза на елеганција, а креаторот го опишува како „есенција на жената“, поради што го доби името Allure – „оној што силно привлекува со шарм“.