Време е барем еден ден да се чувствувате посебно, нели? Тоа чувство со ништо не можете да направите побрзо и полесно од едноставно нанесување на црвен кармин на вашите усни. Можеби ги имате заборавено вашите кармини, но зошто да чекате само да им помине рокот! Можете да ја искористите вашата омилена црвена нијанса како оружје против лошото расположение и сивоста што ве обзема повремено. Без разлика дали е време за онлајн дружење или само сте решиле да се опуштите со чаша вино, нанесете го омилениот црвен кармин. Оној што го чувате за посебни прилики ќе биде совршен избор затоа што секој ден треба да биде посебна прилика.
Моќта на црвениот кармин!
Не постои ниедно тврдење кое ја негира вистинската моќ на црвениот кармин. Сите можеме да наброиме некои од холивудските ѕвезди кои црвениот кармин го направија задолжителен производ за шминкање – како Rite Hayworth, Marilyn Monroe, Audrey Hepburn и Liz Taylor. Сепак, не смееме да заборавиме на другите моќни дами со препознатлив црвен кармин, како што е кралицата Victoria која веруваше дека нејзиниот црвен кармин има магична сила. Elizabeth Arden лично им подели црвени кармини на жените кои се бореа за избирачкото право на маршот во 1912 година во New York. За време на Втората светска војна, црвениот кармин стана патриотски додаток. Хитлер, наводно го мразел црвениот кармин и затоа жените гордо го носеле за да му се спротивстават на диктаторот. Со оглед на историска улога и важноста на црвениот кармин, време е да му оддадеме почесно место во придонесот за позитивна состојба на умот и подобрување на расположението.
Подгответе се за релаксирачка вечер!
Не мора да претерувате со остатокот од шминката, таа може да биде минимална. Со малку обоена крема и нанесување на маскара, само дополнете го вашиот мејкап изглед и подготвени сте за релаксирачка вечер каде и да ве однесе расположението. Во продолжение ви предлагам неколку кармини за да го подобрете вашето расположение.