Ја испративме старата година, а ова е период кога се сеќаваме на сè што ја одбележа изминатата година. Најголем дел од времето се осврнував на бјути трендовите кои беа доминантни, но овој пат решив да се осврнам на малку поинаков „тренд“, односно да ви ги претставам најгугланите поими за убавина во 2019 година. Во текот на целата година бевме бомбардирани со нови производи, трендови и техники за нанесување на мејкап производи и сигурно ќе ве интересира листата со најпребаруваните поими од светот на убавината, објавени од самиот Google.
Најпребарувани поими и трендови во 2019 година!
Најпребарувано прашање се однесува на брендот Color Street кој ги освои љубителките за убавина, благодарение на налепниците за нокти со nail art, за што сведочи фактот дека „Како се нанесува Color Street“ е најбараниот термин во 2019 година. Покрај тоа, листата на Google покажа дека темите за основните поими за убавина секогаш се пребаруваат. Трендовите често се менуваат, но сите се враќаме на мејкап основите и прашањата поврзани со правилното нанесување на одреден производ, како што е пудра или прајмер. Во продолжение ќе дознаете кои се најбараните прашања за убавина во изминатата година: