- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

Францускиот маникир е вистинска класика во светот на убавината, тренд кој се враќа со полна пареа оваа година. После микро маникирот, сега вистински тренд е двојниот француски маникир. Она што го прави поразличен е двојната линија на врвовите на ноктите. Многу повпечатлив од класичниот француски маникир, експертите за нокти уверуваат дека ќе биде вистинско освежување оваа година. Тој е стилски и елегантен, може да биде минималистички, но и многу впечатлив. Доволно е едноставен што можете да го носите цела година и во секоја прилика.

Двоен француски маникир на врвот на својата популарност!

Двојниот француски маникир е како создаден за оние кои сакаат класични маникири со додаток на малку различност, затоа што сега доаѓа во различни бои и со разиграни детали. Можете да го декорирате со светки, да додадете потемни тонови или да ги комбинирате најнеочекуваните бои. Ако најмногу сакате класичен изглед, најдобро е да одберете нуд нијанса за основа и бела, розова или сребрена боја за врвовите на ноктите.

Нацртајте две линии за трендовски двоен маникир!

Дебелината на линијата на врвовите можете да ја изберете според вашиот сопствен вкус. Меѓутоа, ако имате кратки нокти, линиите треба да бидат што е можно потенки. Не заборавајте, за да создадете трендовски двоен француски маникир треба да нацртате две линии. Тие можат да бидат во исти, но и во различни бои – според вашето расположение. Можете да нацртате две линии – една до друга и тие можат да бидат со различна дебелина и со различна оддалеченост.

- Реклама -

Во продолжение можете да ги пронајдете најубавите двојни француски маникири кои ќе ве инспирираат.

маникир

Двоен француски маникир

Двоен француски маникир насловна

француски маникир