Ефикасна во обезбедување на неверојатен волумен на трепките, маскарата L’Oréal Paris Lash Paradise сега доаѓа со формула која ќе ги направи вашите трепки со нежен и лесен како пердув волумен и сето тоа заедно со интензивна боја. Lash Paradise маскарата е погодна за чувствителни очи.
View this post on Instagram
Однесете ги трепките во рајот со Lash Paradise маскарата!
Парижанките со само малку напор успеваат да изгледаат волшебно и женствено, а оваа Lash Paradise маскара ќе ви го даде тоа чувство. Маскарата ќе ви овозможи инстант нега, инстант волумен и интензивен изглед на трепките само со едно нанесување, оставајќи ги воздушесто меки и нежни.
Интензивно црната и кремаста формула на Lash Paradise маскарата е збогатена со рицинусово и масло од дива роза што ќе ви овозможи драматично црни трепки со рајски волумен и тоа по само едно нанесување.
Многу меката четка како пердув, со ситни, фини влакненца кои со леснотија ја гушкаат секоја трепка поединечно, остана иста, а процесот на нанесување на маскарата благодарение на новата, променета формула, стана уште полесен и попријатен. Со оваа маскара ќе ја откриете тајната на раскошните трепки, а најдобро од се е тоа што Lash Paradise маскарата долго време ќе ја задржи својата свежина.
Топ совет за нанесување!
Иако е доволен само еден слој од маскарата за да оставите впечаток кај сите околу вас, според советите на мејкап експертите, ќе изгледате уште подобро ако ја нанесувате со цик-цак движења од коренот на трепките, така што ќе создадете илузија на туш за очи, а трепките истовремено ќе бидат дефинирани и интензивни.
Новото пакување асоцира на нежност!
Новата формула на оваа маскара доаѓа во уште погламурозно пакување. Lash Paradise маскарата е дизајнирана да асоцира на нежност и создадена е за девојки кои во сè гледаат убавина. Ќе ја пронајдете во розово пакување кое асоцира на женственост и едноставност.