- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

Само добри вибрации! GIRL

Општеството секогаш им кажува на девојките ширум светот што и кои треба да бидат… што дефинитивно не е нивното вистинско јас! Со навестување на слобода, GIRL е мирис што се носи за да кажете „не“ да го правите она што ви го кажуваат и да се фокусирате на она што навистина e важно – да се пронајдете себе си.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Rochas Paris (@rochasofficial)

Првиот 100% мирис за добро чувство!

Овој нов вид на цитрусно, дрвенест и цветен мирис навистина е како женска афера. Создаден од парфимерката Anne Flipo, стои како ода на слободата и благосостојбата со 90% вегански состојки од природно потекло. Мирисот те ослободува благодарение на екстрактот од нероли, чии релаксирачки својства се докажани во неврологијата. Оваа скапоцена и 100% природна состојка целосно е избрана да ти донесе добро чувство.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Rochas Paris (@rochasofficial)

- Реклама -

Да се чувствуваш подобро е добро, но да се чувствуваш навистина добро е уште подобро!

Со првиот здив, се крева тежина од рамената благодарение на природниот поттик на свежина од смирувачки нероли, поставувајќи сцена за црна рибизла и розов бибер! Вториот здив, носи светло пространство на светлина. Големиот букет од бели цвеќиња ја открива целосната женственост – сјаен и беспрекорен цвет од портокал и јасмин, со кадифена и малку балсамична орхидеја. На крај, сандалово и дрво од кедар сензуално ја загреваат кожата со допир на ванила, кој те доведува на нови височини.

Rochas Girl ingredients

Дали си подготвена за промена? Заедно, претставуваме бесконечни можности!

GIRL е прослава. Прослава на сите девојки насекаде на планетава, кои веруваат во поинклузивен свет каде што поединците се здружуваат за да создадат неодоливо богато чувство на единство.

Girl You Know It’s True!

Уште од првите ноти на мега хитот „Girl You Know It’s True“ од Milli Vanilli, јасно е дека кампањата за GIRL во режија на Laura Weaver ќе биде поразлична од било која. Со својот поп-инспириран, живописен стил, младата фотографка и режисерка ја доловува есенцијата на радоста да се биде заедно, да се биде многу и една. Тоа е приказна за девојки, од девојки и за девојки.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Rochas Paris (@rochasofficial)

Добредојдовте во светот што се менува! Влезете во реалниот живот!

Паметни, дарежливи, позитивни… GIRL ја отелотворува оваа генерација и нејзината модерна перспектива. GIRL е мирис кој се носи за да направите добро на себе, на другите и на планетата. Со својата трага, навестува почетоци на радосна револуција…

Rochas Girl visual