Gucci Bloom – интензивен цветен мирис со тубероза и ноти од кинеската билка орлови нокти е еден од најпродаваните мириси на брендот Gucci. Мирисната композиција е креирана од парфимерот Alberto Morillas во 2017 година, а низ годините лансирани беа изданијата Acqua di Fiori и Nettare Di Fiori во 2018 година и Gocce di Fiori во почетокот на 2019 година.
Ново елегантно и рафинирано мирисно издание!
Брендот Gucci го претстави новото издание од Bloom мирисната линија – Gucci Bloom Ambrosia di Fiori. Новиот Eau de Parfum Intense е најавен како елегантен и рафиниран, а резултатот е мирисна композиција побогата со рози и повеќе моќна од другите изданија.
Претставувајќи ја Ambrosia di Fiori, новото поглавје од приказната за Gucci Bloom, осмислена од Alessandro Michele и создадена од мастер парфимерот Alberto Morillas, Gucci ве поканува на банкет од античкиот свет кога амброзијата се сметаше за пијалак на боговите што дава бесмртност.
Мирисен состав збогатен со Дамаск роза!
Како и оригиналот – Ambrosia di Fiori содржи акорди на јасмин, Rangoon creeper ноти (кинески орлови нокти) и туберозно срце. Наместо ванила од оригиналот, новиот мирисен состав е збогатен со Дамаск роза заедно со кадифен корен од ирис.
Gucci Bloom Ambrosia di Fiori е достапен во шишенца од 50 и 100 мл, како Eau de Parfum Intense.
Ambrosia di Fiori доаѓа во лакирано стаклено шишенце во бордо боја со мека розова етикета.