Во градот има уште едно „лошо момче“, кое повторно ни го донесе модната куќа Carolina Herrera, но овој пат доаѓа под името Bad Boy Cobalt. Новото издание остава нов електрифициран сплет на двојноста на модерната машкост, концептот што го дефинира секој Bad Boy мирис. Новиот парфем црпи инспирација од силата на кобалтот и неговата моќна пигментирана нијанса.
Bad Boy мириси за мажи кои сакаат да се чувствуваат палаво!
Линијата на парфеми Bad Boy содржи познати дрвенести мириси за секојдневна употреба, мириси кои не се издвојуваат, тие само го надополнуваат изгледот на обичен маж кој сака да се чувствува палаво од ефектот на „стаклениот гром“. По оригиналното издание Bad Boy во 2019 година, брендот почна да објавува надополнувања на линијата, а Bad Boy Cobalt е најновото.
Реинтерпретација на иконската молња во градуирано кобалтно сина боја!
Храбар и магнетен, Bad Boy Cobalt заведува и плени со брзина и прецизност на молња. Прослава на новата машкост, ода за бунтовните мажи кои се осмелуваат да го следат својот пат и кои се борат за своите принципи. Bad Boy Cobalt ја реинтерпретира иконската молња во градуирано кобалтно сина боја. Брендот со тоа сака да нагласи дека свежината и сексипилноста на мирисот ја воздигнува двојноста на модерната мажественост и дека сината боја во шишето алудира на моќта на пријателството.
Во друштво на вистински пријатели, секогаш можете да бидете самоуверени и свои!
Изненадувачки, елегантен, моќен и секси Bad Boy Cobalt е мирис на спротивности. Светлите и темните елементи се привлекуваат и заедно создаваат енергичнa двојност што ја рефлектира уникатната и сложена личност на современиот маж. Спој на минерална сексипилност и дива свежина, овој енергичен и комплексен мирис го прикажува Bad Boy во неговото најелегантно издание за мажот да биде инспириран и свој, уверен дека сè е можно покрај неговите вистински пријатели.
Ароматично-овошен и дрвенест мирис!
Carolina Herrera Bad Boy Cobalt се карактеризира со водечки мирисни ноти на розов бибер и лаванда, со средни ноти на гераниум и црна слива и со завршни ноти на тартуфи и ветивер.
Повторното замислување на симболичната молња од универзумот на Bad Boy ни го прикажува „лошото момче“ во неговото најелегантно издание. Да имаш пријател кој е лошо момче може да биде забавно, нели?