Max Factor понуди два нови производи за комплетна трансформација на вашиот изглед на лицето со дефинирани веѓи!
Посакувате подебели, негувани и подигнати веѓи?
Max Factor ви нуди обликување на перфектни веѓи со новите The Brow Shaper и Brow Contouring Kit. Сега многу едноставно ќе постигнете природен изглед на веѓите со целосна доверба благодарение на новиот Brow Shaper и Brow Contouring Kit.
Обликувањето и дефинирањето на вашите веѓи сега е многу лесно со двојниот молив и четка Brow Shaper, додека пополнувањето и highlighting-от е едноставен со четирите нијанси од Brow Contouring Kit.
Постигнете комплетна трансформација!
Со овие два производа од Max Factor ќе постигнете комплетна трансформација на секој изглед на лицето со дефинирани веѓи!
Време е да го осветлите вашиот изглед со калеидоскоп од модерни нијанси на кармини за усни.
Безвременскиот кармин Rouge Edition Velvet Liquid Lipstick од Bourjois го зголемува асортимнот со поголем избор на бои. Сега достапен со 14 нови трендовски бои.
Истакнете ги усните со стил!
Без разлика на Вашето расположение, Bourjois има кадифена боја која ќе Ви одговара. Новата линија на Bourjois е карактеристична по светли nude, храбри и живи бои, како и шик темни за да можете перфектно да се изразите себеси. Долготрајниот Rouge Edition Velvet’s има мат финиш и дава лесно и пријатно чувство на усните, затоа може да го носите цел ден.
Bvlgari лансира нова линија Splendida во со три парфеми Iris d’Or, Rose Rose и Jasmin Noir.
Мистериозен и заводлив!
Во јануари 2018 година на колекцијата им се придружи новото издание на Magnolia Sensuel, креација на парфимерот Jacques Cavallier.
Кај новиот парфем доминираат мирисните ноти од цветот на магнолија што носи интензивна арома. Magnolia Sensuel е најавен како исклучително богат мирис, мистериозен и заводлив.
Се отвора во горните ноти со цитрус, давајќи му сјајни, нежни и свежи акорди. Срцето на парфемот покрај магнолијата збогатено е со јасмин и цветови од портокал. Базата е сензуална и дрвенеста со мирисот на сладолед од ванила.
Bvlgari Splendida Magnolia Sensuel Eau de Parfum е достапен како 30, 50 и 100мл.
Yves Saint Laurent ќе го лансира новиот мирис од линијата L’Homme, наречен L’Homme Cologne Bleue. Новото освежувачко издание е најавено како персонификација на “кул изгледот”, како што се ставот и карактерот на мажот што го носи овој мирис. Претставен како сензуален и интригантен мирисот наводно толку е свеж, како да скокаш во ладниот базен.
Новите мирисни ноти се потпишани од парфимерот Juliette Karagueuzoglou, која пронајде инспирација од мирисите на океанот и слободата на пространството. Интензивните цитрусни ноти на црвениот портокал, грејпфрут, мандарина и бергамот се во контраст со ладните морски ноти, зачинети со вкус на црн бибер и кардамон. По ароматичното срце, композицијата ја смирува дрвената база.
Шишето на L’Homme Cologne Bleue доаѓа во светло сина боја на оригиналното шише на L’Homme линијата. Заштитното лице на парфемот е Vinnie Woolston.
Yves Saint Laurent L’Homme Cologne Bleue е достапен како 60 и 100мл Eau de Toilette.
Gucci Guilty Absolute е мирис кој излегува од рамките на традиционалните парфеми. Alberto Morillas го стави на располагање својот висок уметнички сензибилитет на Gucci Guilty Absolute. Одметник во најчестата машка категорија на дрвенести мириси, мирисот излегува од рамките на традиционалните дрвенести структури.
Мирис создаден во чест на почетоците на модната куќа Gucci!
За да се разликува, парфимерот создаде посебна мешавина со структура која останува непроменета од првиот пат кога е нанесена на кожата. За да го направи ова Alberto Morillas го постави мирисот на две водечки ноти. Со обично мешање на акордот кој излегува од кожа и се нарекува едноставно „дрвена кожа“, употребена во чест на почетоците на модната куќа Gucci кои се врзани со производство на производи од кожа и со редок вид на многу честа парфемска нота „Goldenwood“, кој е природен екстракт добиен од нутка чемпрес. Крајниот мирис се карактеризира со ултра суви дрвенести ноти со длабочина и комплексност.
Композицијата на мирисот ја интензивираат и три форми на масло од пачули со сладок, темен и земјен карактер како и ветивер, свежа и земјена трева од шумите.
Јеan Paul Gaultier со машкиот мирис JPG Le Male оддава почит на симболичната фигура која долго време била извор на инспирација за него: морнарот.
Воодушевувачки мирис!
JPG Le Male, мажествен онолку колку и секси е мирис кој нуди неконформистички поглед за машкоста. Воодушевувачки мирис со екстремно модерна трага. Лавандата која го буди познатиот смирувачки мирис на средство за бричење е збогатена со сензуалноста на ванилата.
Машко торзо!
Шишето е во форма на торзо со бесрамно изразени машки атрибути. На стакленото шише е изгравиран симболичниот елемент од машката облека: морнарска маичка на риги – симбол на слобода и заведување.
ARMANI Sì Nacre Sparkling Limited Edition е повеќе од мирис, ја открива современата женственост на брендот Giorgio Armani. Тоа е прогласување на слобода, на љубов, на живот. Si жената има самоувереност да каже “да” на вредностите што го дефинираат нејзиниот живот.
парфем кој е видлив
Armani Si парфемите еволуираа со убавина од премиерните креации на Si Eau de Toilette до Si Intense и лимитираните едиции Si Rose Signature и Si Huile de Parfum, за сега да блесне најновиот бисер Si Nacre.
Отсекогаш бев вљубена во мирисните ноти на парфемот Si, но посебно внимание кај мене предизвика лимитираната едиција на парфемот што остава бисерни траги на кожата. Признавам, веднаш ме воодушеви!
Храбриот потег на Armani да направи парфем кој е видлив и ја облекува вашата кожа со прекрасна бисерна облека, ќе биде нов тренд во индустријата за убавина.
Исконскиот претходник Si Eau de Parfum, овој пат е облечен со блескави бисери и ни раскажува малку поинаква приказна. Шишенцето содржи нова комуникација, отпечатена со златни букви кои формираат прстен околу шишето, пренесувајќи ја пораката:
остава бисерни траги на кожата
Si is a change, Si is a choice, Si is myself…
На почеток шик, моќен, интензивен и сензуален во исто време, Sì Nacre е парфем кој остава бисерен ефект при прскањето на вашето деколте, на вашата облека или бујна коса во зависност од ефектот што сакате да го постигнете. Вашата кожа покриена со бисерна облека, мирисот го претвора во сензуална, уникатна и раскошна средба, каде што Si е повторно роден, задржувајќи се на кожата и ги плени сите сетилата. Пенливиот сок во ова издание го прави уште поатрактивен. Го сакам.
Armani Si Nacre се отвора со нектар од црна рибизла и нежна ванила, роза (Rose de Mai), фрезија и раскошен пачули. Долготрајните и сензуални ноти на пачули нежно го дефинираат овој мирис како зачудувачки современ, одважен со став.
Bourjois Little Round Pot, безвременското руменило за лице кое е бест селер повеќе од 150 години благодарение на текстурата и пакувањето. Текстурата е лесна за нанесување со само едно четкање на образите. Мирисот на роза е многу пријатен и трае во текот на целиот ден.
Bourjois Volume reveal маскарата од Bourjois ги опфаќа сите трепки и им дава волумен дури до три пати. Трепките добиваат неверојатен волумен и многу лесно може да го постигните ефектот на вештачки трепки.
Исконскиот мирис Acqua Di Gio од Giorgio Armani доби свој наследник во неверојатно сензуалниот Acqua Di Gio Profumo, роден од вулкански камења и длабочините на океанот. Acqua Di Gio Profumo го поврзува невозможното пронаоѓајќи хармонија во контрастот помеѓу темните моќни камења и енергијата на кристалното сино море. Тоа е приказна за еден маж и раѓањето на слобода која всушност потсетува на морето и на сонцето кое зрачи на преплавените карпи.
Култното темно шише крие мирис кој ги буди сетилата
За мене шишето на парфемот Acqua Di Gio Profumo потсетува на црно полиран камен брануван со кристални бранови на бескрајното море. Култното темно шише крие мирис кој ги буди сетилата.
Acqua Di Gio Profumo е модерна верзија на легендарниот Acqua Di Gio, а во новата верзија со волшебни ноти на темјан, прилагоден на вкусовите на младите, збогатен со поинтензивни мирисни ноти, со тоа е идеален избор за сите годишни времиња. Темјанот го прави овој мирис многу модерен, со што му дава една нова димензија.
Навистина достоен наследник на оригиналот
Acqua Di Gio Profumo е модерна верзија на легендарниот Acqua Di Gio
Најновото ремек-дело носи комбинација од освежувачки бергамот и морски ноти, потоа мирисот на темјанот се јавува како волшебна состојка во парфемот. Дрвенастите, ароматичните и морските ноти го прават Acqua Di Gio Profumo исклучително мажествен мирис. Во срцето се отвараат ноти на здравец, жалфија и рузмарин кои во пулсирачки ритам ја загреваат кожата и испуштаат мирисен облак од темјан и пачули.
Acqua Di Gio Profumo е ѕвер од мирис
Навистина достоен наследник на оригиналот, озбилен мирис за мажи на 30 години. Мирисот има ДНК на Acqua Di Gio, но многу поелегантен и поинтензивен. Трајноста на парфемот во првите два часа е неверојатна, но бидете сигурни дека и по 10 часа парфемот се уште ќе го осеќате на вас. Можеби на прв поглед ако го пробате парфемот на блотер нема да ви се допадне, но на кожа парфемот се развива во прекрасна симфонија, а темјанот во него не ви дава мир. На почетокот многу јак, но кога ќе се апсорбира во кожата зрачи со умереност.
Парфемот може да се носи во сите прилики, Acqua Di Gio Profumo е ѕвер од мирис.