Најновиот мирис на познатата манекенка Naomi Campbell е претставен како креација што ќе ги охрабри младите жени да се борат за тоа што се, да ги изразат своите чувства, своите ставови и да ги следат желбите. Here To Stay истовремено е креација што симболично го претставува патот до славата на Naomi, фокусирајќи се на нејзиниот успех во модниот свет и бизнисот: да се биде пионер во работата, да се напредува кон успехот, да се стане лидер, да се следи страста и да се чувствува моќ додека се работи на себе и на патот до успехот.
Арома на интензивно овошје и цветни ноти на јасмин и божур!
Here To Stay започнува со ароми на интензивно овошје, слатки малини и горко-слатки црни рибизли. Срцето на мирисот развива цветни ноти на јасмин и божур, проследени со ванила и мошус, кои истовремено ја загреваат мирисната композиција и нежно ги милуваат цветните и овошни акорди.
Мирисот Here To Stay е достапен во шишиња од 15, 30 и 50 мл, како Eau de Toilette.