Ако сте родени со природно кратки трепки, мора да ви е позната „борбата“ за постигнување на впечатлив изглед на трепките. Кратките и прави трепки можат да бидат отпорни на вообичаените совети и трикови што ги слушате за виткање на трепките. Ако досега сте ја испробале секоја техника за виткање на трепките и секоја маскара, а сеуште не сте задоволни од резултатот, ви препорачувам да ја промените техниката и да размислите дали е добар виткачот за трепки што го користите. Во продолжение ви пренесувам професионални совети за виткање на кратки и долги трепки.
Како да ги извиткам трепките?
За оваа техника целата магија е во аголот. Наместо да го користите виткачот за трепки под прав агол, обидете се со поинаков пристап.
Чекор #1
Започнете со доближување на виткачот за трепки што е можно поблиску до окото, како што правите вообичаено. Започнете со виткање на трепките во коренот.
Чекор #2
Додека ги повлекувате врвовите на трепките, ротирајте го виткачот кон носот што ќе ви помогне да ги извиткате трепките на самите краеви.
Чекор #3
За да допрете до кратките трепки во внатрешниот агол на окото, потпрете го виткачот на трепките и виткајте ги во правец на носот, повлекувајќи надолу и нанадвор.
Чекор #4
На самиот крај, свиткајте ги трепките со рамни движења и нежно повлечете ги трепките надолу за да ја продолжите кривината. Клучот на овој метод е да бидете трпеливи, но верувајте дека вреди – резултатите се врвни!
Погледнете го видеото за оваа техника на виткање на трепки!