- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

Дали е можно течна пудра од 200 денари да биде лесна како пердув, да овозможи природен изглед во текот на целиот ден со мазна формула и мат финиш, без несаканиот изглед како „торта“ на вашето лице?

Rimmel Stay Matte Liquid Mousse е течната пудра која ме заинтригира, судејќи според коментарите на Facebook, првенствено со популарната цена, но секако и со резултатите кои ќе ги споделам со вас.

Rimmel Stay Matte линијата на пазарот присутна е долго време. Прво, со лансирањето на компактната пудра, миленик на многу блогерки, а потоа со течната пудра. Непосредно пред крајот на 2013 година, беше лансиран производ од линијата Stay Matte, а тоа всушност беше оваа mousse пудра. Од кога е лансирана, Youtube врие од рецензии, додека мислењата на блогерките се поделени, но главно позитивни.

Што вели Rimmel за течната пудра?

Пудра лесна како пердув, која се меша беспрекорно и која овозможува природен изглед во текот на целиот ден. Формулата е мазна, финишот е мат, а порите се минимизирани.

- Реклама -

Моите први впечатоци!

Откако ја нанесов Rimmel Stay Matte течната пудра за прв пат на моето лице, морам да признам дека навистина бев воодушевена. Таа ми ја даде посакуваната покривност, иако морам да забележам дека обично немам големи проблеми со акни. Мојата кожа е комбинирана во секоја смисла на зборот, челото ми е исклучително масно, додека остатокот од лицето вклучувајќи ја Т-зоната, носот и брадата – сува до исклучително сува во зависност од температурата на воздухот, исхраната, стресот и од производите за чистење на лицето.

Задоволна сум од текстурата што ја има Stay Matte течната пудра, бидејќи е различна од класичните пудри. Лесно се размачкува, нуди висока покривност со еден слој на нанесување и што е најважно таа останува на лицето се додека не ја отстранам. По неколку часа, пудрата изгледа речиси како кога ја нанесов во утринските часови, без да се појави несаканиот изглед како „торта“ на лицето.

Она што не ми се допаѓа кај оваа пудра е тешкото отстранување од лицето!

Покривност и постојаност!

Покривноста која ја нуди оваа течна пудра е висока и може да се надогради. Rimmel Stay Matte пудрата ги прекрива сите недостатоци со еден слој и не ги нагласува сувите делови на лицето.

Постојаноста е одлична, подобра од класичните пудри, што во мојот случај би значело 5-6 часа без никакво дополнително матирање.

Текстура и финиш!

Текстурата на Stay Matte течната пудра е mousse, a ако никогаш не сте сретнале ваква текстура, тоа е нешто како шлаг. Пудрата воопшто не е масна, со текстура како гел или серум. Поради ова, одговара за мешана и мрсна кожа, но нема да биде добра за сува кожа, бидејќи може дополнително да ја исуши.

Финишот што го остава на кожата е полу-мат, но повеќе мат него сјај. Rimmel Stay Matte пудрата најдобро е да се нанеси со четка со густи влакна или прсти, не ви препорачувам нанесување со блендер.

Тип на кожа за кој е наменета пудрата!

Stay Matte течната пудра наменета е за мрсна и мешана кожа. Ќе одговара и на нормална кожа, но не ја препорачувам за сува. Можеби со добро подготвена кожа, мислам на добро хидратизирана, би можеле да ја користите и за сува кожа.

Количина, избор на нијанси, пакување, цена…

Rimmel Stay Matte пудрата доаѓа во количина од 30 мл што е стандард за течни пудри. Во зависност од количината која ја користите, препорачувам количина на зрно грав за цело лице.

Stay Matte доаѓа во повеќе нијанси, ја издвојувам бојата 103. Мислам дека оваа нијанса ќе одговара на повеќето девојки.

Пакувањето е пластично, што ми се допаѓа бидејќи зафаќа минимален простор.

Најмногу што ме привлече кај оваа пудра е популарната цена од 200 денари, тоа е цена на промоција што може да се набави во Еликсир парфимериите, но и во сите други парфимерии кои во својот асортиман ги имаат производите од брендот Rimmel.

Заклучок!

Дали ми се допаѓа оваа течна пудра? Без сомнение.

Дали е најдобра што сум ја пробала? Не, но дефинитивно има свои предности и одговара на мојот тип на кожа.

Дали ви треба? Ако барате солидна покривност, мат финиш и голема постојаност во текот на денот, ја имате моја препорака.