A Kiss from a Rose новото издание на брендот Kilian како дел од мирисната колекција The Narcotics, ќе биде лансиран во црвено шише исто како мирисот Rolling in Love од истата колекција претставен во 2019 година.
View this post on Instagram
Латици и трње од рози!
„Преку мирис сакав да изразам латици и трње од рози“, објасни Kilian Hennessy. „A Kiss from a Rose е деликатен мирис, но како што е случајот и со розата и со овој мирис треба да бидете внимателни. Ова е предупредување кога ќе му се приближите!“
Живописен и воздушест цветен букет!
Основачот на брендот Kilian Hennessy соработуваше со парфимерот Alberto Morillas во создавањето на овој нов парфем, опишан како живописен и воздушест цветен букет од мајски рози од Франција и кинески јасмин. Свежите и остри растителни ноти ја отвораат композицијата, додека во основата се сместени богати и повеќеслојни акценти на мошус.
Kilian A Kiss from a Rose е достапен во шишенце од 50 мл, како Eau de Parfum.