Секојдневни нуд нијанси со живописни розови и сини бои ги красат мејкап производите од колекцијата што произлезе од заедничката соработка на Kylie Jenner со нејзината најдобра пријателка Anastasia Karanikolaou – Stassie.
Тема на колекцијата е розовата и сината боја!
Kylie Jenner заедно со нејзината долгогодишна најдобра пријателка, манекенката со грчко потекло Anastasia Karanikolaou – Stassie креираа нова лимитирана колекција на шминки за брендот Kylie Cosmetics, наречена Stassie X Kylie. Колекцијата е создадена за да го обележи роденденот на Stassie. Розовата и сината боја се тема која може да се забележи низ целата колекција и претставува совршен сет за создавање забавен и живописен мејкап изглед во светли и освежувачки бои.
„Конечно! Stassie и јас почнавме да сонуваме за оваа соработка пред неколку години и конечно ја реализиравме“, напиша Kylie на фотографијата на Инстаграм на која двете најдобри пријателки позираат облечени во розово и сино боди од латекс.
Палета со сенки за очи! Pressed Powder Palette
Мини колекцијата вклучува палета со сенки за очи која содржи совршени комбинации на секојдневни топли и ладни нуд нијанси со неколку живописни бебешко розови и сини тонови. Палетата содржи 16 високо пигментирани нијанси.
Туш за очи! Liquid Eyeliner Pen
Stassie и Kylie претставија туш за очи во две бои – пастелно сина нијанса наречена „Blue Eyed Babe“ која не потсетува на 80-тите и супер слатка розова нијанса „4 Ever Ting“.
Хајлајтер! Kylighter Illuminating Powder
Соработката вклучува една нијанса на хајлајтер наречена „Bestie Energy“ која според Stassie е совршен производ за мејкап изглед со блескав сјај на бело злато.
Сјај за усни! High Gloss Duo
Се разбира, тоа не би била Kylie без неколку опции за усни. Дводелен сет со сјај за усни во две нови нијанси од High Gloss формулата. Розовиот сјај наречен „Gonna Get Wasted“ доаѓа во праскасто розова нијанса, додека синиот сјај „Twinning“ е неверојатен проѕирен сјај со сини и розови светки што го прави одличен како додаток на секој кармин.
Течен кармин и молив за усни! Matte Lip Kit
Соработката Stassie X Kylie вклучува и лимитирана едиција на Lip Kit комплет за усни наречен „Stassie Baby“. Сетот содржи кремаст мат течен кармин и молив за усни во соодветна нијанса. Овој комплет за усни е во омилената боја на Stassie, розова нуд нијанса.