Веројатно и вие, без разлика каква течна пудра користите, честопати сакате да ја „одморите кожата“ од пудрата, па затоа се решавате за ден без шминка.
Оваа година ни носи новини во индустријата за шминка – новата формула на L’Oreal Paris True Match течната пудра, која ни обезбедува посакувана покривност и издржливост, но во исто време помага на вашата кожа. Тоа е одличната вест, ако се земе во предвид колку време и пари трошиме, прво на производи за нега на кожата, нејзина хидратација, а потоа посебно на производи за шминка.
Иднината на мејкап индустријата!
Новата формула на течната пудра True Match е составена од дури 80% навлажнувачка нега и фини пигменти што го изедначува вашиот тен и ги прикрива несовршеностите. Покрај тоа, новата формула е збогатена со хијалуронска киселина, добро позната состојка на производите за нега на кожа.
Покрај тоа што е исклучително лесна за блендирање, True Match пудрата покрај нејзините мејкап својства, ќе го подобри квалитетот на вашата кожа, само по 2 недели редовна употреба.
Избор на течна пудра!
Не е доволно само да се совпадне бојата на пудрата со бојата на тенот, но мора да изберете пудра што одговара на вашиот тип на кожа. Ова не е толку голем проблем ако вашата кожа е комбинирана, меѓутоа ако имате мрсна или сува кожа, тоа веќе е задолжителна ставка што треба да ја имате во предвид при купување на пудра.
Затоа ми се допаѓа што True Match течната пудра одговара на секој тип на кожа, дури и за чувствителна кожа – дава хидратација и ги задоволува потребите на секој тип на кожа.
True Match е достапен во повеќе различни нијанси што можете да ги најдете во продажба.
Важно е да се чувствувате добро во вашата кожа!
Ми се чини дека постоењето на True Match течната пудра која ја навлажнува и го подобрува квалитетот на кожата е почеток на нови трендови во индустријата за шминка и бришење на границата помеѓу шминка и производи за нега на кожа.