- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

Кадифен маникир е најнов тренд за нокти што се појави на социјалните мрежи. Сите оние кои сакаат нешто поразлично би можеле да бидат опседнати со овој тренд. Немојте да го мешате овој најнов тренд со оној што вклучуваше лепење на кадифени конци на вашите нокти од пред неколку години. Најновиот тренд на кадифен маникир вклучува нокти кои сјаат и блескаат на таков начин што изгледа како да е вистинско кадифе. Се креира со специјален вид на лак кој содржи многу фино мелени светки – gliter, кој кога ќе го нанесете на вашите нокти ја рефлектира светлината на ист начин како што тоа го прави луксузното кадифе.

Кадифениот маникир е многу лесен за правење!

Поентата е да не користите било каков сјаен лак за нокти со светки. Светките треба да бидат фино-најситно мелени за да се постигне крајниот ефект на кадифе. Лакот за нокти мора да биде со наситни светки за да може да ја рефлектира светлината на ист начин како кадифето. Исклучително е лесно со вистинскиот лак за нокти да се креира кадифен маникир, бидејќи грешките за време на лакирањето не доаѓаат до израз. Така, можете да постигнете ефектен маникир дури и кога немате многу време.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Chiara Ferragni ✨ (@chiaraferragni)

Кадифен маникир

- Реклама -