Mugler ја претстави новата хероина од мирисната линија Angel, наречена Angel Nova. Женскиот парфем Angel Nova е опишана како наметлив, неодолив и смел мирис за модерна хероина и универзумот на Mugler што го сочинуваат сонот, фантазијата и реалноста. Слоганот на парфемот „Believe in dreams“ ве повикува да верувате во соништата.
View this post on Instagram
Angel Nova комплетно ново поглавје на Angel сагата!
Дрвенесто-овошната и цветна мирисна композиција е родена од фузијата на „зависната“ овошна нота на малина, сензуалниот акорд на „супер природната“ роза од Дамаск и дрвенестата структура на акордите од akigalawood и benzoin, сето тоа за да се создаде карактеристичниот потпис на парфемите на Mugler. Angel Nova сепак претставува комплетно ново поглавје од Angel сагата и отстапува од ориентално-гурманскиот состав на култниот оригинал од 1992 година.
Парфимери на мирисна креација Angel Nova се: Quentin Bisch, Louise Turner и Sonia Constant.
Моделот Toni Garrn е лице на рекламната кампања!
Заштитно лице на рекламната кампања за парфемот Angel Nova е германскиот модел Toni Garrn. Шишето го задржува обликот на ѕвезда, но во многу интензивна розова боја.
Mugler Angel Nova е достапен во 30 и 50 мл, како Eau de Parfum.
View this post on Instagram