Yves Saint Laurent ја лансира новата парфемска вода YSL L’Homme Eau de Parfum, носејќи уште една варијација на машкиот мирис L’Homme од 2006 година.
L’Homme и La Nuit de L’Homme – две лица на модерниот маж!
Со мирисните изданија L’Homme и La Nuit de L’Homme, YSL ги слави двете лица на модерниот маж. Од ноншалантен шарм и наелектризирано заведување до префинет мистериозен заводник. Тоа е двојност што го одразува миризливото наследство на Yves Saint Laurent. Со магнетна привлечност по ден, а со наелектризирано заведување во текот на ноќта.
Култниот дрвенест потпис во уште посилна – интензивна верзија!
Новата L’Homme парфемска вода е посветена на мажот кој секогаш подеднакво е ноншалантен и привлечен и кој знае што значи да биде верен себеси. Наместо виртуелни врски, тој копнее за вистински емоции.
Топлината на бурбон акордите во симбиоза со горчината на портокалот, повторно го открива култниот дрвенест потпис во уште посилна, интензивна верзија – YSL L’Homme Eau de Parfum. Новиот парфем го отелотворува магнетизмот на L’Homme карактерот во нов и софистициран бурбонски потпис.
Yves Saint Laurent L’Homme Eau de Parfum го задржува јадрото на L’Homme линијата преку специфичниот дрвенест акорд, но овој пат во помоќна, гурманско опојна варијација. Како ликер, овошната есенција на горчливиот портокал оди со акордот Infusion de Bois de Chêne. Оваа нова состојка, дестилирана од дабови струготини од буриња со коњак, носи нова трага и парфемски потпис.
Бурбонска боја во контраст со металното капаче!
Шишето го краси топла бурбонска боја во контраст со металот на шестоаголното капаче. Килибарната течност на овој нов парфем веднаш ве телепортира во универзумот на париско кафуле со ретро атмосфера. Елеганција отелотворена во стаклено шише кое наликува на парфимиран виски.
Yves Saint Laurent L’Homme е достапен во шишиња од 60 и 100 мл, како Eau de Parfum.