Тешко е да не одолеете на сите трендови за убавина и на поплавата на козметички производи што доаѓаат од Јужна Кореја, која последниве години се етаблира како епицентар на убавината. Затоа, ви предлагам да пробате типичен корејски производ за шминка, а се работи за „cushion“ пудра!
Што точно е „cushion“ пудра?
Замислите ББ крем во форма на компактна пудра! Во Кореја, „cushion“ пудрата е фузија на нега на кожа и шминка, бидејќи не само што ја покрива кожата, туку и го подобрува нејзиниот изглед, допир и здравје.
Компактната кутија содржи сунѓер, кој е натопен во формулата од ББ крем. Вообичаено дава лесна покривна моќ и нега на кожата (СПФ заштита, хидратација и состојки против стареење). Оваа пудра се нанесува со сунѓерест апликатор и со него ја тапкате формулата што е во самата кутија. Тоа е многу практичен производ и дава прекрасен подобрен изглед на кожата! Бидејќи има исклучително лесна моќ на покривност „cushion“ пудрата е идеална за летните горештини.
Што прави „cushion“ пудрата, што другите пудри не го прават?
Факторот на преносливост и патување веројатно е најголемата предност на овој мал и компактен производ. Овој вид на пудра е многу практичен за носење во ташна, со цел да се освежи шминката во текот на денот. Бидејќи повеќето „cushion“ пудри содржат СПФ фактор, на овој начин дополнително ја обновувате УВ-заштитата. Дали има попрактичен летен производ за шминка?
Која е улогата на сунѓерестото перниче?
Сунѓерот кој е натопен со формулата, всушност е клучот за ефектот на оваа лесна пудра. Сунѓерестото перниче ја трансформира течната формула во лесна емулзија. Перничето е направено од истиот основен материјал што се користел во древна Азија, со цел да се задржи течната емулзија во оптимална состојба. Сунѓерот обезбедува мала количина на производ при секоја апликација, така што невозможно е да претерате со нанесување.
Како да одржувате хигиена на апликаторот?
Ова порано беше вистински хигиенски проблем, но повеќето денешни „cushion“ апликатори се направени од анти-бактериски и анти-микробни влакна, што значи дека ризикот од пренесување на бактерии е навистина низок. Сепак, никогаш не може да бидете 100% безбедни, затоа ве советувам редовно да го миете „cushion“ апликаторот со сапун и вода.
Покрај тоа, повеќето кутии се херметички затворени, што значи дека воздухот не може да влезе внатре и затоа пудрата не може да стане резервоар на бактерии.
Дали може да користите прсти или четка за нанесување?
Одговорот е – НЕ. Апликатор што доаѓа со „cushion“ пудрата собира точно определена количина на пудра за лесно покривање. Едноставно нема да го добиете истиот ефект врз кожата ако пудрата ја нанесувате со четка.
Апликаторот е лесен за употреба: натопете го и нежно тапкајте со неговата рамна површина преку образите, а потоа свиткајте го на половина за да допрете до очните капаци, страните на носот и други тешко достапни делови на лицето.
Најдобрите „cushion“ пудри што вреди да ги пробате!
Ако до сега не сте ги пробале, еве неколку предлози за кои сигурно нема да згрешите. Супер се!