Водич за почетници: Еве како исправно да нанесете сенка за очи!

Сенките за очи се еден од оние козметички производи за кои може да се каже дека се вистински „must have“ производ, без разлика колку често ги користите. Сепак, многумина од вас ги избегнуваат само затоа што не се вешти во нивното нанесување и не знаат за кои да се одлучат. Мејкап експертите сенките за очи ги имаат поделено во три главни категории: кремасти, во прав и течни. Со помош на нивните совети нанесувањето на сенките за очи ќе ви биде многу поедноставно, а за излегување ќе бидете подготвени веднаш!

Кремасти сенки!

Кремастите сенки најлесно се нанесуваат – тие можат да се аплицираат со прсти и не се потребни посебни четки. Кремастите текстури се помеки и уште полесно се блендираат. Многу лесно се нанесуваат на очните капаци со прст и може да направете ситни поправки во текот на денот. Крем сенките за очи доаѓаат во различни варијанти – во стик, кутија, со мат или сјајна формула, а може да се носат самостојно, како средство за интензивирање на боја или како база.

Сенки во прав!

Сенките во прав се најчестиот тип на сенки за очи и доаѓаат во палети со две или повеќе бои меѓу кои може да бирате. За сенките во прав велат дека се вистинска можност да се разбуди уметникот во вас, бидејќи може да се експериментира со различни бои. Тие доаѓаат во мат и сјаен финиш.

Течни сенки!

Течните сенки за очи се кремасти и имаат течна текстура која се суши, така што финишот ќе биде како сенка во прав – со тоа се добива најдоброто од сè, зар не? Течните сенки најчесто доаѓаат во комбинација со апликатор, со што се олеснува нанесувањето кое станува едноставно и прецизно.

Smokey-eyes мејкап!

Најголемата заблуда во врска со smokey-eyes е мислењето дека е потребно многу време за да добиете совршен резултат, но тоа сосема е погрешно! Најлесен начин да го направите е со користење на водоотпорен гел туш. Тој е мек и на рабовите може лесно да се размачка, со што автоматски добивате smokey-eyes ефект. Следниот чекор е лесно блендирање на потемни нијанси на работ од тушот. Се блендира додека не го добиете саканиот драматичен ефект. Најдобрата работа кај smokey-eyes е во тоа што не мора да биде исклучиво во црна боја, кафена или сива, туку во било која боја што ќе посакате. Не заборавајте да додадете маскара на трепките и се разбира вашата фантазија по волја!

The Cut Crease мејкап!

Ова е еден од најпопуларните мејкап изгледи, без разлика на обликот на окото. Причина за тоа? Овој изглед секој облик на очите го прави да изгледа повеќе отворен отколку што е! На очната браздата се нанесуваат потемни нијанси кои не се блендираат за да се потенцира контрастот помеѓу капакот и браздата на окото. Со користење на контрастни сенки за очи, може да создадете илузија во која окото изгледа пошироко отколку што навистина е. Сè што ви треба е следново: изберете палета на сенки што ви се допаѓаат, а потоа очната бразда дефинирајте ја со сенка со потемна нијанса. После тоа, нанесете втора сенка на капакот и со нежни движења напред назад тријте за да создадете оштар раб.

Монохроматски мејкап!

Ова е еден од мејкап изгледите за кој е потребно најмалку време да се направи. Поточно, сенката за очи не треба да се блендира и нема мешање на различни бои. Можностите се многу: можете да изберете нешто неутрално, впечатливо, во комбинација со бојата на усните и руменилото… Доволно е само на четката да нанесете сенка за очи и да аплицирате на капакот се додека не осетите дека е доволно. Бојата може да ја раширите кон веѓите и да го постигнете ефектот на градиент.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *