Не се плашите да носите црвен кармин, но кога станува збор за црвена сенка за очи? Звучи како некој авангарден тренд од модна писта кој не може да се носи во реалниот живот. Но, експертите за шминкање се согласуваат: црвената сенка секому може добро да стои, но само треба да ја пронајдете совршената нијанса што најмногу ќе одговара на вашиот тен!
Еве неколку совети што треба да ги следите за да го усовршите овој тренд на шминка!
#1 Пронајдете ја идеалната нијанса на црвена сенка!
Исто како со сите обоени производи за шминка, клучот е да ја пронајдете идеалната нијанса на црвена сенка за очи што ја прави целата разлика. Затоа, треба да го земете во предвид тонот на вашата кожа.
СВЕТОЛ ТЕН: Идеални се светло црвени сенки со топли подтонови.
СРЕДЕН ТЕН: Интензивна, основна црвена боја која изгледа блескаво на средно светла кожа.
ТЕМЕН ТЕН: Богато бордо, бургунди и црвени нијанси на модар патлиџан кои изгледаат убаво на темна кожа.
#2 Изедначете го тенот до совршенство!
Клучот за успешно носење на црвени сенки е тоа што остатокот од вашиот тен мора да биде совршен. Вашата кожа не треба да има трагови од црвенило на неа, бидејќи црвената боја на очите само дополнително ќе го потенцира природното црвенило на кожата. Затоа, покријте ги сите мозолчиња, акни, лузни или испукани капилари со коректор.
Покријте ги и темните сенки во аглите на очите. Со прајмер во боја подгответе го очниот капак и целата зона околу очите за да ги покриете сите ситни вени и капилари.
#3 Заменете ги бронзените сенки со оние во боја на теракота!
Заменете ги сите топли земјени нијанси на сенки (бронза, бакар, злато) за топли црвени нијанси. Ако носите црвена сенка низ целиот очен капак, измешајте ја со неутрална нијанса на браздата за да помогне да го дефинирате очниот капак. Нека биде кафеава теракотна боја, која идеално се вклопува со црвената боја.
#4 Бордо молив за очи!
Ако сакате да носите обоен молив на долниот очен капак, заменете го со бургунди или виолетово-црвена варијанта. Темниот подтон на моливот ќе му даде дефиниција и длабочина на очните капаци. Исто така може слоевито да нанесете црвен молив за очи преку црн. Линијата размачкајте ја со помош на четка.
#5 Играјте со различни текстури и тонови!
Нанесувањето на различни нијанси на црвена боја со различни текстури и завршници му дава на вашето око длабочина и дефиниција што не може да ја постигнете со само една нијанса на црвена. Нанесете црвена сенка за очи како база преку целиот очен капак и изблендирајте ги рабовите кон браздата. Потоа нанесете металик сенка во боја на брусница, розово злато или бакарно црвена во центарот на очниот капак и изблендирајте за wow ефект.
#6 Усогласете ја шминката на лицето!
Кога носите црвена сенка, сакате таа да биде во центарот на вниманието. Затоа, избегнувајте топли тонови на образите и усните: решете се за ладни бои на руменило и кармин. Чувајте ги веѓите совршено средени и пополнети, бидејќи тие убаво ќе го врамат вашиот црвен eye look. Завршете со дебел слој на раскошна маскара што уште повеќе ќе го привлече вниманието на вашите очи!