Неправилно озлогласената шминка на плажа конечно добива свој легитимитет! Искусно избрана, усогласена и минималистичка лесна летна шминка со вашиот костим за капење ќе направи да изгледате природно, негувано и во склад со амбиентот.
Која боја на костим носите оваа сезона? Еве неколку предлози за шминкање според бојата на костимот!
Ако вашиот костим за капење е црн!
Нагласете ги усните! Сјај за усни со ефект на влажни усни во сјајна варијанта, дури и во боја! Совршено ќе се вклопи со сите модели на костими за капење во црна или претежно црна боја.
Или уште подобро: одлично се вклопува во амбиентот на плажа! Изберете сочни вкусови и летни бои на сјај за усни, ставете наочари за сонце и уживајте! Со лак за нокти во иста боја, само со посилен интензитет ќе го комплетира ова несомнено заводливо издание.
Ако вашиот костим за капење е син!
Ах, таа тиркизна… Толку свежа и енергична. Непогрешливо добро се вклопува со амбиентот на плажа – сонце, песок, вода… Имајте го ова во предвид кога се фоткате за Инстаграм. Предлагам од шминка да нанесете само малку мат или дискретно блескав бронзер, нагласувајќи ги линиите на лицето како кај контурирањето. Нуд нијанса на лак за нокти е непогрешлив избор, како и добар сламен шешир!
Ако вашиот костим за капење е бел!
Ах, таа бела боја. Добро знаете дека исончаниот бронзен тен најдобро доаѓа до израз со бел костим за капење. За придружна шминка, предлагам нешто сосема неочекувано за на плажа: нашминкајте ги очите со палета на сенки! Нагласете ги очите со сјајни црвеникави, розови и жолти нијанси, еднобојно или во комбинација. Со вака засенчани очни капаци и малку маскара, предлагам само уште коктел во барот на плажа со соодветна боја и декорација кој ќе ја надополни оваа неодолива тропска слика.
Ако вашиот костим за капење е со црвена или розова боја!
Бојата на усните што ја прати бојата костимот за капење, во овој случај е вистинска одлука, само наместо интензивна боја и густа структура на кармин, изберете полесен кармин кој на природната боја на вашите усните само малку ќе ја интензивира црвената или розовата нијанса. Кога станува збор за ноктите, нека ноктите се придружат во иста боја. Значи, црвени нокти или целосно неутрални – што не може да се каже за импресиите, кои ќе ги постигнеш со својата појава во ова издание!
Жолта боја на костим за капење!
Со жолт костим за капење, нанесете многу маскара за многу нагласени трепки! И тоа црна маскара, за да се постигне овој атрактивен црно-жолт контраст. Најдобрата маскара за на плажа сигурно е водоотпорната, која лесно ќе ја отстраните со мицеларна вода. Но, ако сакате малку повеќе екстравагантна комбинација, изберете маскара во сино. Може во комбинација со дискретно нанесен туш за очи во иста боја, но обавезно покрај вас имајте мало огледало за можни корекции под чадорот на плажа.