Мирисите често не поврзуваат за одредени чувства, луѓе, патувања, убави моменти. Без разлика на годишното време, парфемите секогаш не поврзуваат со различни мирисни ноти. Парфемите служат да ја понесат атмосферата со вас, каде и да сте. Ја будат имагинацијата и овозможуваат секоја ситуација да ја претворите во незаборавно патување.
Кога зборуваме за парфеми и мирисни ноти, потребни ни се специфични ноти и освежувачки мириси кои остават трага. Без разлика дали станува збор за парфеми со цитрусни, цветни ноти, ванила, кафе или бибер, тие ќе ви ја дадат потребната свежина. Истовремено ќе го покажат вашиот карактер и ќе натераат некој да се заврти за вас.
Ако сè уште не сте го избрале вашиот омилен парфем, ова се парфеми што ќе сакате да ги носите секогаш и секаде:
Giorgio Armani My Way Floral
Сладок парфем кој ве мами да ги проширите своите видици и да ги запознаете сите убавини и предизвици на светот околу вас. Изберете го вашиот пат, пат без компромиси, стекнете нови искуства со елегантен, цветен мирис кој ги буди и најдлабоките емоции. Композицијата со внимателно одбрани состојки – блескав букет проткаен со цитруси, вкусна ванила, кедрово дрво и бел мошус, со секој здив ќе ве потсетува на она што го живеете!
Giorgio Armani Acqua di Gioia
Популарната колекција на парфеми Acqua di Gioia создадена во чест на островите каде што се спојуваат капките дожд и морето, создавајќи течност која го буди духот на живата и луксузна природа. Совршено свеж и кристално чист, спој на розов бибер, внимателно одбрани цветови од јасмин, божур и сочни цитруси. Наменет е за модерни, слободоумни, динамични и шармантни жени кои се стремат кон хармонија и живеат во склад со себеси и природата.
Valentino Donna Born in Roma
Born in Roma е линија на парфеми за генерацијата која ја прифаќа различноста и ја цени индивидуалноста. Мириси кои истовремено претставуваат свесност за славното минато, слободата на мислата и модерниот живот. Овие ноти на вашата дланка ја откриваат магијата на градот Рим. Мирисната колекција го претставува сиот шарм на Рим во три ноти, црна рибизла, јасмин и ванила. Парфемот Born in Roma Eau de Parfum е инспириран од изгрејсонцето, кое ги буди сите сетила и не тера да гледаме на животот со поинакви очи.
Lancôme Idôle Nectar
Мирисните ноти на рачно опрашена ванила дава заводлив мирис кој ја буди надежта на една генерација и го носи најбогатиот и највпечатливиот мирис на ванила кај Idôle мирисот. Три врсти на рози – вклучувајќи ја и Rose Absolue – кралицата на розите, се соединуваат во волшебен мирис, создавајќи фузија на неодолива цветна свежина! Акордот од пуканки во новиот Idôle открива бескомпромисна течност која создава моментално доживување на неодолива среќа благодарение на спојот со сензуална карамела. Парфем за силна жена, кој го спојува неспоивото!
Кој е вашиот омилен незаборавен парфем? Пишете во коментари!