Guerlain ја започна годината со обединување на одржливите иновации со природноста, преку конференција пренесувана во живо од Фондацијата „GoodPlanet“ во Париз – основана од светски познатиот фотограф, режисер и екологист Yann Arthus-Bertrand.
Нашиот портал за козметика „Убавина за сите“ доби ексклузивна покана од Guerlain да се приклучи на нивната виртуелна конференција заедно со експерти за убавина, за да бидат презентирани природните мејкап иновации на Guerlain, нови иновативни производи кои во своите формули содржат над 95% состојки од природно потекло.
На конференцијата добивме можност да го слушнеме ексклузивното интервју со Natalia Vodianova – филантроп, супермодел, основач на Фондацијата „Naked Heart“ и музата на Guerlain повеќе од една деценија, која понуди своја визија за одржливост и природна убавина.
Конференцијата понуди привлечна дискусија модерирана од новинарката Cyrielle Hariel.
Guerlain ја започна 2021 година со обединување на одржливите иновации со природноста!
За да го одбележи лансирањето на трите иконски мејкап производи, брендот Guerlain ја потврди својата стручност и посветеноста на одржливоста преку новите формули кои содржат високо ниво на состојки од природно потекло.
Охрабрени со успехот со лансирањето на течната пудра L’Essentiel Natural Glow во 2019 година, пудра со екстремна сензуалност, долготрајна издржливост до 16 часа и заштита на кожата од сонце СПФ20, брендот претстави нов предизвик: отсега па натаму од Guerlain си поставија цел за минимум 90% состојки од природно потекло во секоја нова формула на мејкап производ, секогаш кога тоа е можно и сето тоа без да се загрози квалитетот, безбедноста, ефективноста и привлечниот изглед, клучни компоненти што го прави Guerlain уникатен. Од Gierlain со гордост истакнуваат дека новата течна пудра L’Essentiel Haute Perfection содржи дури 96% состојки со природно потекло.
Еко формула за сензуалност и ефикасност без компромиси!
Користејќи единствена формула со природни состојки, моќта на науката и врвна сензуалност, уште од 1828 година Guerlain се докажува како Алхемичар на убавината. Денес, главна мисија на Guerlain e да гарантира дека нивните формули се безбедни, ефикасни и со највисок квалитет, притоа задоволувајќи ги аспирациите на клиентите за производи со поголема природност. Затоа, Guerlain повторно лансира низа култни производи како што е пудрата Terracotta сега со 96% состојки од природно потекло, за да ги исполни барањата на денешните клиенти како и идните светски побарувања. Резултатот? Формули кои се сè поактуелни, поиновативни, зајакнати со природност и кои ги нудат истите, врвни резултати.
Воспоставување вистинска рамнотежа помеѓу природата, науката и квалитетот!
Благодарение на експертите од тимот за истражување и развој на Guerlain, секоја формула ги нуди истите фини, софистицирани и сензуални текстури кои станаа потпис на Guerlain и сето тоа со најголема почит кон избалансираната кожа. Тимовите на Guerlain ги совладаа придобивките од природните состојки за да создадат производи со највисок квалитет. Користејќи сè, од ши путер до хијалуронска киселина во комбинација со екстракт од Коњак, тие работеа за да осознаат како да создадат совршено дозирани формули. Додека капките на скапоцените растителни масла како што е маслото од роза и маслото од арган се вметнати во формулите, боите кај карминот Kiss Kiss Shine Bloom беа макотрпно преработени за да останат совршено стабилни без употреба на конзерванси, но со 95% состојки од природно потекло.
Луксузот и убавината стимулираат радикална трансформација.
Од Gierlain се посветени да понудат придонес кон промените за редефинирање на индустриските стандарди, така што чекор по чекор ќе ја пренесат уметноста на убавината која е позитивна, посакувана и секогаш возбудлива.