- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

Првично лансиран во 2011 година како ограничено издание, Byredo Mister Marvelous сега се враќа во ново издание. Mister Marvelous оддава почит на современиот маж – со чист крој, самоуверен, извонреден и восхитувачки. Ова е мирис на самоувереност, кој одново пишува правила на модерната мажественост.

Повозете се со Mister Marvelous!

Mister Marvelous отсекогаш беше проект наменет да го слави големиот карактер, издржливоста и креативноста“, – Ben Gorham, основач и креативен директор на Byredo.

За Mister Marvelous, брендот создаде миризлива пирамида со есенција на класична машка колонска вода, но целосно извртена – кедрово дрво и бамбус со лаванда преку бергамот…

Преполн со харизма, слатко отворање со листови од мандарина и нероли цветови, води до свежо срце од бамбус и зелена лаванда, додека зачинските ноти на црн амбер и бел кедар даваат последен допир на интрига и изненадување.

Byredo Mister Marvelous Eau de ParfumКупи Сега Shop Now FabuSpot

- Реклама -

Потоа, тука е името и приказната!

Ниту еден маж не е само едно нешто! Во различни фази еволуира како – син, татко, неуспех, успех, спортист, претприемач. Многу лица што можат еден маж да го направат модерен и чудесен.

Кампања!

Новата кампања на мирисот ја прикажува ѕвездата на американскиот фудбал Odell Beckham Jr. играч на Los Angeles Rams тимот. За Ben Gorham изборот на лице на парфемот беше јасен!

 

View this post on Instagram

 

A post shared by BYREDO (@officialbyredo)

Модерен, магнетен, повеќедимензионален, Odell Beckham Jr. го отелотворува духот на Mister Marvelous, харизматичниот култен мирис. Трикратниот Pro Bowl и Super Bowl шампион Odell Beckham Jr. е најхаризматична ѕвезда на NFL. Покрај тоа што е извонреден спортист, Beckham е татко, претприемач и лице на Byredo Mister Marvelous.

Odell Beckham Jr.

Основачот и креативен директор на Byredo, Ben Gorham поминал низ сличен пат, бидејќи и самиот бил извонреден спортист. Поранешен бек, висок 194 сантиметри играл професионална кошарка во Европа пред да ја напушти играта и да стане претприемач, татко и маж.

Mister Marvelous ме потсетува на ренесансниот човек – сестрано индивидуален“, вели Beckham. „Освоив Super Bowl, станав татко и влегов во своите 30-ти на среќно место. Тоа е она што Mister Marvelous го претставува –  остварен среќен маж“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ubavina za site (@ubavinazasite)

Како голем фан на Byredo – „Го сакам овој бренд. Свеќите Byredo се насекаде низ домот, а неодамна почнав да ги користам Byredo парфемите. Автентичноста ми е важна кога ги одбирам партнерите со кои работам, така што ова беше лесно да се вклопи“.

Не го нарекувајте враќање!

Mister Marvelous повторно е издаден само за ограничено време. Ве предизвикувам да го испробате во FABUspot парфимерии.

Byredo Mister Marvelous Eau de Parfum a bottle

Byredo Mister Marvelous Eau de Parfum a box