Во деновите пред Инстаграм, очите на Victoria Beckham не ги гледавме премногу. Добро е познато дека познатата пејачка и моден дизајнер своите очи сакаше да ги крие зад предимензирани очила за сонце, но во последните неколку години Victoria ја откри магијата на објавување на селфи фотографии. Нејзините верни следачи релативно брзо забележаа дека таа користи трик за ефект на поголеми очи и продорен поглед.
Дознајте кој бјути производ е заслужен за магичниот ефект на очите на Victoria Beckham!
Ако малку подобро ги погледнете нејзините фотографии, лесно ќе забележите дека таа користи бел молив за очи во внатрешноста на долниот очен капак. На прв поглед, белиот молив ќе го забележат само најискусните, додека магичниот ефект на очите создаден од трикот на Victoria ќе биде видлив за сите.
Во случај самите да посакате да го испробате ефектот на овој мал трик за убавина, ве советувам да пробате еден од белите моливи што ви ги предлагам во мини водичот за шопинг.