- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

На бјути сцената уште од 2012 година доминира трендот на густи веѓи, инспириран од манекенката Cara Delevingne и нејзините бујни веѓи за кои воздивнуваа многу жени ширум светот. Со оглед на тоа што ентузијастите за убавина постојано измислуваат нови начини за подобрување на изгледот на веѓите, а од тогаш се појавија бројни трендови како што се: shading, threading, microblading, microfeathering и многу други. Сепак, еден тренд предизвика најголем интерес оваа година, а тоа е ламинација на веѓите.

Што е ламинација на веѓите?

Овој тренд потекнува од Москва, а третманот со ламинација вклучува полу-трајна формула, која релативно е слична со минивалот за коса. Хемискиот раствор збогатен со кератин се нанесува на веѓите со помош на чешел или spoolie (четка како од маскара) што ги поставува влакната во одредена положба. Можете да уживате во резултатите од овој третман во траење од шест до осум недели. За разлика од threading или кубење на веѓите со восок, третманот со ламинација е безболен, иако е потребен тест со лепенка за да утврдите дали кај вас ќе се појави алергиска реакција. Третманот трае само 40 минути и бара минимално одржување. Уште подобро, ламинацијата е одличен тренд за сите типови на веѓи. За густи, остри влакна, но и за оние кои ги полнуваат веѓите со други козметички производи за шминка. Ова е затоа што влакната можат да се наместат точно таму каде што е потребно пополнување.

Комплетите за ламинација се достапни за онлајн нарачки на Интернет!

Онлајн можете да најдете многу различни Eyebrow Lamination комплети за ламинација на веѓите со кои можете да ги обликувате вашите веѓи дома. Најголемиот избор можете да го најдете на Amazon. Формулата за ламинација на веѓите не се разликува премногу од формулата што се користи за Lash Lift, т.е. полу-трајно виткање на трепките. И едното и другото се полу-трајни бјути решенија кои ги држат вашите влакна точно таму каде што сакате. Ако се осмелувате да нарачате комплет за ламинација на веѓите, не заборавајте да ги следите инструкциите од упатството и не заборавајте да направите тест лепенка за да избегнете несакани ефекти.

- Реклама -

Ламинација на веѓите е достапна во козметичките салони!

За сите оние кои сакаат да уживаат во третманите во козметичките салони, ламинацијата на веѓите е достапна во козметичките салони ширум државата. Препуштете се на професионалците за да ги избегнете сите несакани ефекти.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by VD BEAUTY Brows & Lashes (@vd_brow_lash) on

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kristina Iloski (@make_up_by_kika) on