Сите процеси што се случуваат на кожата како што старееме (промена на бојата, губење на цврстината, безживотниот изглед) може да се поправат со козметички производи и професионални третмани. Од сите симптоми на стареење, фините линии и брчките особено се тешки за третирање. Пред да го набавете секој можен серум и крем против стареење, важно е да разберете што ги предизвикува овие појави на кожата. Еве како да направите разлика помеѓу брчките и фините линии.
Фини линии или брчки!
Фини линии на лицето всушност се рани знаци на формирање на брчки. Тоа се мали набори на кожата кои обично се јавуваат на најекспресивните делови на лицето, околу очите, усните и челото. Ако често смеете овие изрази на лицето со текот на времето може да предизвикаат појава на фини линии. Како што старееме, природната еластичност на кожата се намалува, а како резултат на тоа фините линии тешко се враќаат во својата првобитна положба.
За разлика од фините линии, брчките зависат од вашата возраст и често се позабележителни од фините линии. Замислете ги брчките како фини линии што се многу долго време присутни. Важното нешто што треба да се запамети е дека фините линии со текот на времето можат да станат трајни и да се трансформираат во длабоки набори, за на крај да станат брчки. Секој од нас со текот на времето ќе добие брчки на кожата, но постојат одредени превентивни мерки што можете да ги преземете за да го намалите нивниот изглед.
Што предизвикува фини линии и брчки?
Создавањето на фини линии и брчки не е нужен знак за стареење на кожата. Во некои случаи, тие укажуваат на недостаток на влага во кожата, како резултат на други фактори (сув воздух, несоодветна нега, прекумерно изложување на сонце). Како што старееме, нашата кожа станува потенка и посува. Прекумерното изложување на сонце и оштетувањето од слободните радикали може да придонесат за видливи знаци на стареење. Природното стареење, што резултира со губење на еластичноста на кожата со текот на времето, може да предизвика забрзана трансформација на фините линии во брчки.
Како да се намали видливоста на брчките и линиите?
Ако веќе имате изразени фини линии и брчки ја предлагам истата рутина за двата проблеми. Редовно хидрирање на кожата со соодветни креми и пиење на препорачана количина на вода за помош при дехидрација. Исто така, воведете серум базиран на хијалуронска киселина во вашата рутина за нега на кожата за да ја одржувате хидрирана. Серумите базирани на ретинол се уште еден силен чекор во спречување на создавање на фини линии и брчки.
Секојдневно нанесување на крема со заштитен фактор е најдобар начини превентивно да се спречи формирањето на фини линии и брчки.