Ново толкување на радоста – Terra di Gioia
Брендот Armani женскиот мирис Acqua di Gioia го лансираше во 2010 година како мирис на морето со воден карактер во преден план. Во 2016 година, мирисната колекција се прошири со нови изданија Air di Gioia и Sun di Gioia, кои го симболизираа морското ветре и летното сонце. Sky di Gioia беше лансиран во 2017 година, додека Light di Gioia во 2019 и Ocean di Gioia во 2020 година.
Симбол на елементот земја!
Оваа година, новиот Terra di Gioia како дрвенесто-килибарен и цветен мирис се приклучува на популарната линија. Terra di Gioia е претставен како симбол на елементот земја, оддавајќи почит на топлото медитеранско крајбрежје. Направен е да го долови расположението на медитеранскиот регион со дини и карпи во боја на килибар и пространството на морската шир.
Креацијата започнува со блескава и деликатна хармонија на акорд од круша што се меша со свежи цитрусни ноти. Срцето на композицијата се состои од ноти на заводлив бадем и кадифен јасмин grandiflorum од Индија. Во основата, мошусот со килибарното дрво се претвораат во нежна трага која ве обвиткува.
Креацијата е потпишана од парфимерите Fabrice Pellegrin, Nathalie Lorson и Honorine Blanc.
Едноставна елеганција!
Закривените линии на шишето ја отелотворуваат естетската визија на Giorgio Armani за едноставна елеганција. Капачето во пастелна боја на портокалова теракота изгледа како скапоцен камен, сјаен и топол.
Заштитно лице на рекламната кампања е моделот Barbara Palvin.
Мирисот Giorgio Armani Terra di Gioia е достапен во 30, 50 и 100 мл, како Eau de Parfum.