Пудресто цветна креација, проткаена со нежна, свиленкаста ванила, обележа две децении и стана еден е од најпопуларните мириси на брендот Kenzo. Flower by Kenzo беше лансиран во 2000 година и наследен е од бројни изданија и варијации на оригиналот, секое ново издание носеше ново прекрасно колекционерско шишенце. Првата креација беше претставена во високо, малку заоблено стаклено и транспарентно шишенце со цвет од афион, кое страна симбол на мирисната линија Flower by Kenzo.
Kenzo Flower изданија во црвени шишенца!
Kenzo неколку пати досега за своите изданија понуди црвени шишиња: Flower by Kenzo Le Parfum во 2003 година, Flower Tag во 2011 година, Flower Tag Eau de Parfum во 2012 година, Flower by Kenzo L’Elixir во 2015 година и Flower by Kenzo Red Edition во 2018 година.
Колекционерско издание за 20 годишнината!
Најновото, колекционерско издание кое слави 20 години од лансирањето на првиот мирис Flower by Kenzo е со црвена боја, бојата на љубовта, страста и бојата на цветот од афион!
Мирис облечен во ново, спектакуларно кимоно!
За оваа посебна прилика, овој симболичен пудресто цветен мирис е облечен во ново, спектакуларно кимоно инспирирано од церемонијата „Seijin No Hi“ со која се слави преминот на дваесетгодишните Јапонци кон зрелоста. Единствен момент за да го облечат најубавото кимоно, прекриено со цвеќиња.
Креација на мастер парфимерот Alberto Morillas!
Колекционерското издание Kenzo Flower by Kenzo 20th Anniversary Edition во отворањето на мирисната композиција претставува сојуз на розов бибер и црна рибизла, со бугарска роза и нежни пудрести темјанушки во срцето, проследени со превез од бел мошус и ванила. Парфимер на креацијата е Alberto Morillas.
Шишенце со цвет од афион!
Шишенцето на колекционерското издание е со светло црвена боја, со цвет од афион во цветен принт исто како на надворешното пакување.
Flower by Kenzo 20th Anniversary Edition е достапен како славеничко издание во шишиња од 50 мл, како Eau de Parfum.