Дали може да се врати здравиот изглед на површинскиот слој на вашата кожа? Да, со Elizabeth Arden Superstart Skin Renewal Booster
Кај многу луѓе, носењето заштитна маска може да резултира со иритација на кожата. Тоа може да биде вистински проблем, особено за оние кои треба да носат заштитни маски на лицето преку целиот ден. Една од причините за иритација е тоа што заштитните маски не дозволуваат проток на воздух до лицето и кога дишете во маската се акумулира влага и останува заробена во самата кожа. Ова темно и топло опкружување може да го стимулира создавањето на акни. Покрај тоа, маските и прекривките за лице можат да ја иритираат кожата со триење или изложување на кожата на алергени.
Superstart Skin Renewal Booster од Elizabeth Arden
Доколку заштитната маска ви предизвика некој проблем со кожата, дознајте сè за „пресерумот“ Superstart Skin Renewal Booster од Elizabeth Arden, кој може да ви помогне да се ослободите, но исто така да спречите појава на иритација и акни.
Пробиотички комплекс кој ја смирува, храни и регулира микрофлората на кожата!
Ако во последно време имате забележано промени, иритации на кожата на лицето предизвикани од секојдневно, долготрајно носење заштитна маска, брендот Elizabeth Arden може да ви помогне. Нивниот Superstart Skin Renewal Booster содржи комбинација на моќни пробиотици и билки за подобрување на површинскиот слој на кожата. Пробиотичкиот комплекс ја регулира микрофлората на кожата, ја смирува и ја храни. Екстрактот од растението sea fennel ја обновува кожата и постигнува сјај, мазност, здрав изглед и штити од слободните радикали. Екстрактот од ленено семе ја зајакнува кожата со липиди, a екстрактот glasswort долготрајно ја хидрира кожата.
Се нанесува пред серумска или хидратантна нега!
Екстремно лесната, брзо апсорбирачка текстура на овој бустер докажано го враќа здравиот изглед на површинскиот слој на кожата. Superstart Skin Renewal Booster се нанесува на чиста, сува кожа на лицето пред вообичаената серумска или хидратантна нега.