Со величествена ода кон симболичниот цвет во оригиналниот Eau de Parfum, новиот La Vie est Belle Iris Absolu ja реинтерпретира препознатливата состојка на неговиот успех – ирис. Но, сега 10 пати поконцентриран отколку во оригиналниот Eau de Parfum.
Заедно со култната кристална насмевка на шишето, претворена во бесконечен бран, но исто така насмевката на Lancôme амбасадорките, сите заедно собрани за прв пат во нова култна кампања за еден мирис. Следејќи го нивниот инспиративен успех, секоја жена е поканета да го отвори своето срце, да ја сподели својата приказна, нејзините животни лекции… и да учествува во глобалната редефиниција на среќата.
Нов интензитет на ирис! Живописна посвета на потписот на ирис во La Vie est Belle
Десет пати поконцентриран отколку во оригиналната формула, ирисот го зазема централното место во La Vie est Belle Iris Absolu. Неговиот корен, една од најскапоцените состојки во индустријата за парфеми, дава нов невиден интензитет на оваа композиција и треперлива живописност на неговата трага. Неизмерно елегантен, „синото злато во парфимеријата“ ги открива сите свои нијанси на кожата по отворањето. Ноти на сочна црна рибизла даваат свеж пресврт на млечните ноти на смоква, топли како сончево лето. Нагласено од длабоката сензуалност на нотите пачули и високо привлечниот карактер на гурманските ноти типични за La Vie est Belle, оваа нова варијација предизвикува постојано чувство на радост, кое неодоливо се шири наоколу.
Засекогаш врежана бесконечна кристална насмевка!
За новото мирисно издание на La Vie est Belle Iris Absolu, дизајнерката Catherine Krunas – креатор на оригиналното шише, ја реинтерпретира препознатлива кристална насмевка. Инспирирана од брановите кои ги прави капката која паѓа на површината на водата, таа се соочува со предизвикот да даде нова шара на овој култен предмет. Засекогаш изгравирана на шишето, неговата насмевка зрачи кон надвор како бесконечен бран. Одекнува со насмевките на сите Lancôme жени кои шират среќа во новата кампања.
Порака за среќа, помоќна од било кога! Животот е убав!
Во 2012, Lancôme изјави – „Животот е убав“. Три зборови со универзално значење. Зборови кои зборуваат преку континенти од сите четири страни на светот, убавината на овој француски израз никогаш не барала превод. Со неговата едноставна радост, името избрано од Lancôme одекна меѓу милиони жени низ светот – La Vie est Belle.
Во 2023, „Животот е убав“ одекнува со надеж и намерен избор на животот да се гледа со оптимизам. Да пронајдеме среќа во светот на кој се повеќе му треба светлина. Да ја славиме храброста на оние кои се залагаат за време во кое секој може да каже – „Животот е убав“. Среќата е колективна, но многу индивидуална и уникатна за секој од нас. Рефлектирајќи ги линиите на оваа еволуција, La Vie est Belle денес се обраќа на својата женска заедница со нова мирисна варијанта под знакот на великодушноста, автентичноста и сестринството. Инспириран од колективната визија за среќа, овој мирис ја слави моќта на пораката на Lancôme и ја пренесува нејзината уникатна вибрација во мирис.
Lancôme амбасадорките го креваат гласот за среќа во нова кампања за La Vie est Belle
Lancôme за прв пат ја обедини својата заедница амбасадори околу La Vie est Belle и неговата муза Julia Roberts.
Кампањата е разиграно славење на жените кои се поддржуваат и инспирираат меѓу себе. Новата кампања ја слави цврстата врска на Lancôme и La Vie est Belle заедницата низ светот. Julia Roberts ја повика целата Lancôme заедница од амбасадори да застанат заедно за заедничка декларација на среќата – Amanda Seyfried, Isabella Rossellini, Lily Collins, Penelope Cruz и Zendaya Coleman.
Кој друг мирис е доволно моќен да обедини толку инспиративни жени со една уникатна порака? Оваа култна екипа на активистки за среќа се ехото за интензитетот на мирисот и за бесконечната насмевка која го краси неговото шише. Тие претставуваат естетско движење и со гордост го потврдуваат новиот женствен мирис на Lancôme.
Поразличен и поинклузивен од било кога, неговата порака никогаш не била помоќна.