iMaybelline New York е меѓу најпознатите брендови за шминка во светот и секогаш со нетрпение ги очекуваме новостите од нивната работилница. Овој пат тоа е 4 во 1 Instant Perfector, нов производ за лице кој ги обезбедува придобивките од дури 4 производи и воедно е совршен за кожата!
Што може да направи Instant Perfector 4in1?
Maybelline New York Instant Perfector 4 во 1 има веганска формула и доаѓа во 3 нијанси кои се прилагодуваат на тонот на кожата. Instant Perfector може да ги скрати маките за шминкање, бидејќи истовремено делува како прајмер, коректор, ББ крем и компактна пудра. Воодушевени! Тоа е толку моќен производ што ги измазнува порите како прајмер, успешно ги покрива несовршеностите како коректор, го измазнува тенот како ББ крем и ја матира кожата како компактна пудра.
View this post on Instagram
Време е за проба!
Бидејќи придобивките од производот звучат повеќе од одлично идеално време е после утринската рутина за нега на кожата да се проба производот од Maybelline.
Производот се нанесува на лицето на ист начин како што нанесувате течна пудра или ББ крем. Течната матирачка формула лесно се размачкува и видливо ги измазнува порите, со што се добива исти ефект како да се користи прајмер.
Ако се прашувате дали Instant Perfector 4 во 1 успешно ќе ги неутрализира несовршеностите на лицето, одговорот е потврден. Instant Perfector во исто време ги прикрива несовршеностите исто како да користите коректор, но ќе го изедначи тенот како што тоа би го направиле со ББ крем.
Текстурата навистина е лесна за кожата и одлична за сите жени кои постојано се во движење и не сакаат да чувствуваат тежина на лицето, особено во топлите денови. Instant Perfector е одличен избор за жените кои сакаат да постигнат ефект на компактна пудра, да ги покријат одредените несовршености и да го измазнат тенот.
Дали ова е навистина производ што може да направи се?
Instant Perfector 4 во 1 е полн погодок! Тоа е одлична инвестиција за мејкап производ кој заштедува време, бидејќи истовремено ја измазнува, прикрива, изедначува и ја матира кожата на лицето и тоа многу успешно. Значи, одговорот на прашањето е едно големо ДА!
Каде можете да го пробате?
Maybelline New York Instant Perfector 4 in 1 можете да го пробате во продажните места на dm дрогерие маркт!