Овие денови во разговор или во медиумите често може да ги слушнете зборовите „топлотен бран“, а коментарите за високите температури едноставно се неизбежни! Ако не сте помеѓу оние среќници кои уживаат на одмор и нивната шминка не им е во прв палан, верувам дека размислувате како да имате постојана шминка за време на овие високи температури.
Како да избегнете мејкап грешки кои се вообичаени во летните деновии!
Ќе ви понудам неколку совети за она што не треба да правите и како да ја олесните и поедноставите рутината за убавина, како и на кои производи да ставите акцент за да не правите мејкап грешки кои се вообичаени за летните денови!
Употреба на пудра за матирање!
Во летните денови, кожата на сите е повеќе сјајна поради високите температури и зголеменото лачење на пот. Иако употребата на пудра за матирање не ви е најмило, повеќето жени ќе речат дека токму така треба да биде! Поточно, компактните матирачки пудри во лето не се добра идеја и подобро е да ги оставите на страна за да избегнете една од најчестите мејкап грешки. Многу жени имаат навика неколку пати на ден да нанесуваат транспарентна матирачка пудра за да го избегнат ефектот на сјаење на лицето, но со тоа се постигнува само спротивен ефект, бидејќи се создаваат слоеви и апсолутно несаканиот „cakey“ ефект. За да не создадете таков изглед, прескокнете го користењето на матирачка транспарентна пудра, но наместо тоа користите матирачки ливчиња за да го соберете вишокот на масти и да ја ослободите кожата од сјајот.
Прескокнување на крем со заштитен фактор!
Ако нешто постојано треба да се нагласува, тогаш тоа е потребата да се користат креми со заштитен фактор! Производите со заштитен фактор треба да се користат во текот на целата година, а ако досега не сте ги употребувале сега е време да го надополните вашиот козметички несесер со крем или лосион кој ќе ве заштити од штетните сончеви зраци. Секој дерматолог препорачува крем со заштитен фактор како „must have“ производ, а со не користење на SPF креми, вашата кожа е изложена на штетни зрачења и на лицето ќе бидат забележливи знаци на стареење. Иако се препорачува да се купуваат пудри и креми со заштитен фактор, сепак не е доволно да се потпрете само на нив, затоа барем во текот на летото нанесете крем што има минимално SPF 30. Значи, можете да уживате во сончевите денови, а кожата ќе биде заштитена!
Внесување на недоволна количина на вода!
Останете хидрирани е еден од најдобрите совети кои може да го добиете, особено во летните денови! Многумина, на пиењето вода не обрнуваат многу внимание и ја консумираат само за време на оброк, што е многу помалку од препорачаната дневна доза која треба да ја внесуваме во телото за да функционира правилно. Се разбира, пиењето на вода исто така има позитивни ефекти врз убавината – кожата ќе биде хидрирана, меѓутоа постои еден трик за убавина. Во вашата чанта секогаш може да имате тоник за лице во спреј што ќе има прекрасен ефект врз вашето лице. Потпрете се на оние кои се база на вода со додаток на витамин Ц или хијалуронска киселина.
Премногу слоеви на шминка на лицето!
Исто како што ја минимизираме облеката што ја носиме во текот на летото и се одлучуваме за прозрачни и лесни материјали, така треба да направиме со шминката. Имено, шминката на лицето ќе биде повеќе постојана, што повеќе е прозрачна и едноставна. Затоа, наместо слоеви на тешка пудра, во утринските часови на вашето лице нанесете серум, крем со заштита од сонце и BB крем на критичните области на лицето или за покривање на темните кругови – и спремни сте за излегување!
Користите водоотпорни формули само за на плажа!
Многу жени користењето на водоотпорните формули кај маскарите или тушевите за очи исклучиво го имаат резервирано за на плажа, но добра идеја е да ги вклучите во вашата дневна рутина за убавина, особено за време на топлотниот бран за да бидете сигурни дека, поради високите температури маскарата нема да се стопи!