Сестрите Jenner во нивната заедничка соработка преку бнредот Kylie Cosmetics, покрај палетата со сенки за очи и сјајот за усни лансираа целосно нови мејкап производи.
Бјути ентузијастите од целиот свет веќе подолг период беа во очекување на долго најавуваната соработка на брендот Kylie Cosmetics со постарата сестра на Kylie, Kendall Jenner. Обожавателките со нетрпение го дочекаа лансирањето, а најмногу возбудена беше самата Kylie. Конечно, на Инстаграм профилот на Kylie Cosmetics беа споделени фотографии од мејкап колекцијата од кои неколку производи се сосема нови за брендот.
„Јас сум многу возбудена што конечно ви ја претставив мејкап колекцијата Kendall by Kylie Cosmetics на која работевме долго време. Пресреќна сум што конечно соработувам со сестра ми Kendall“, вели Kylie во Инстаграм стори видеото.
View this post on Instagram
Kendall Pressed Powder Palette & Can I Borrow That? High Gloss
Како што можете да очекувате од Kylie Cosmetics мејкап колекцијата има прекрасна палета на сенки за очи со 15 светли и неутрални нијанси кои се со мат или супер светкави формули. Kylie во колекцијата ја вклучи новата розова нијанса на High Gloss сјајот за усни, за кој таа вели дека е „мојот омилен High Gloss сјај за усни“.
Sister Sister Lip Blush Kit
Она што e традиционален производ на Kylie Cosmetics е сетот за усни Lip Kit, но во новата колекција тоа е Lip Blush Kit – кармин со формула на руменило. Нијансата наречена Sister Sister, содржи прекрасна комбинација на молив за усни и полу-мат течен кармин во неутрална, розова боја.
Act Natural Bronzer Stick & Spotlight Kylight Stick & Runway Blush Stick
„Јас сум многу возбудена што овие кремасти стикови се приклучуваат кон семејството на Kylie Cosmetics“, вели Kylie, откривајќи дека после презентирањето на овие три индивидуални нијанси, ќе лансира уште неколку нијанси како дел од основната мејкап линија.
Translucent Blotting Powder
Производ кој предизвика големо внимание е новата Blotting Powder, за која Kylie вели дека е матирачка хибридна крем-пудра и токму овој мејкап производ Kendall го користеше во последно време.
„Kendall има прилично мрсна кожа на лицето, а мојата започна да се масти овој период, така што оваа крем-пудра ми го „спаси животот“ последниве неколку месеци“, вели Kylie.
Можете да го нанесувате со сунѓер-апликатор, со бјути блендер или со прсти. Користете ги прстите, бидејќи формулата на овој производ навистина е неверојатна.
Everything Everywhere Gloss
Последниот производ во колекцијата во основа е спротивен на Blotting Powder крем-пудрата, а новата креација наречена е Everything Everywhere Gloss – светкав сјај за лице што создава висок сјај како ефект на стакло.
„Ова е производ што Kendall многу го бараше во нејзината колекција. Можете да го нанесете на очите, образите, усните, скоро секаде каде и да посакате. Ова е неверојатен мејкап производ.” вели Kylie.
Можете да ја разгледате мејкап колекцијата Kendall by Kylie Cosmetics на официјалниот сајт на Kylie Cosmetics.