- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

Веќе знаете дека микро францускиот маникир ќе биде еден од најголемите трендови за нокти оваа година, а сега познато која форма за нокти се наметна оваа сезона.

Soft square – хит форма за нокти оваа сезона!

Soft square или заоблен квадрат е името на старо-новиот тренд кој доживеа кулминација на својата популарност повторно оваа сезона.

Сигурно забележавте дека трендовите за ноктите во последниве години почнаа да се движат во насока на практичност и лесна носивост, па затоа од сезона во сезона во фокусот доаѓаа многу едноставни и минималистички маникири и стилови кои се лесни за одржување. Обликот на ноктите што се нарекува soft square е продолжение на постојните трендови што ги освоија младите жени со бурен и динамичен начин на живот, па иако не претставува ништо револуционерно, сепак е еден мал пресврт што носи свежина во светот на маникирот.

Soft square форма за нокти

Ново лице на квадратните нокти!

Како што сугерира неговото име, soft square формата на ноктите е понежна верзија на квадратните нокти, притоа рабовите на ноктите се малку заоблени и стилизирани на таков начин што целиот квадратен маникир изгледа посуптилно и нежно.

- Реклама -

Уметниците за нокти ширум светот сакаат да го комбинираат овој стил со пристоен француски маникир или ласкави нијанси на нуд лакови. Во секој случај, крајниот резултат е многу модерен, минималистички и пристоен, а сепак на крилјата на овој нов тренд освежувачки и актуелен. Во продолжение ви нудам неколку идеи за вашиот нов soft square маникир!

Soft square nails

француски маникир

форма за нокти

нокти