Корисно е да знаете повеќе информации за вашата кожа на лицето пред да се одлучите да купите течна пудра. На пример, како најдобро да го препознаете типот на кожата, како да го одредите тонот на кожата и да ја пронајдете совршената нијанса на пудра.
Погрешна течна пудра!
Но, покрај тоа во реалноста при купување на течна пудра многу често се случува потполно да погрешиме. Онаа пудра што во парфимеријата ни изгледа како одличен избор, штом ќе ја испробаме следниот ден забележуваме дека се покажа како сериозен неуспех. Ако ви се случуваат некои од овие работи подолу, најверојатно сте одбрале погрешна течна пудра за себе.
Прв знак: Бојата на пудрата!
Нијансата на пудра што јасно се разликува од вашиот тен секако е првиот показател дека треба да посегнете по некоја друга основа и да посветите малку повеќе време на наоѓање на тонот кој најмногу е сличен на бојата на вашиот тен. Пудрата која е премногу светла или премногу темна во однос на вашето лице веднаш е видлива и изгледа неприродно. За вас, идеалната течна пудра треба да биде целосно незабележлива, а лицето треба да дава природен впечаток.
Втор знак: Се појавуваат акни!
Откако ќе преминете на нова пудра, следете како се однесува вашето лице во првите денови од нанесувањето. Ако чувствувате дека сте добиле повеќе акни после користењето на новата формула и вашето лице почнува да изгледа како мало бојно поле, време е да се ослободите од оваа течна пудра. Многу веројатно е дека формулата на течната пудра е полна со хемикалии кои ја иритираат кожата и на лицето му прават многу повеќе штета отколку добро.
Трет знак: Пудрата исчезнува од лицето!
Утрото се потрудивте убаво и рамномерно да нанесете течна пудра, но до ручек ви се чини дека буквално пудрата исчезна од лицето. Ова е знак дека користите пудра која не е наменета или не е доволно ефикасна за мрсен тип на кожа. Проблемот со исчезнување на течната пудра од лицето особено се јавува во лето, кога кожата лачи повеќе себум. Течната пудра што сте ја користеле во есен и зима дефинитивно не е најдобар избор и ќе биде идеално да ја замените со некоја полесна формула.
Четврт знак: Пудрата се вовлекува во тенките линии!
Повторно, имате сценарио во кое наутро беспрекорно сте нанеле пудра, но за кратко време се вовлекува во фините линии на лицето, што ја прави значително видлива, а изгледот на кожата е неприроден. Во тој случај време е да побарате друга формула. Доколку имате зрела кожа, дефинитивно откажете се од практиката да нанесувате пудри кои резултираат со дехидриран изглед на лицето.
Петти знак: Порите изгледаат огромно!
Со шминка и нега на кожата најчесто сакаме да го прикриеме изгледот на зголемени пори. Но, некои пудри го прават токму спротивното, дејствуваат така што порите изгледаат како вистински мали кратери. Ова, се разбира нема никаква врска со вашата пилинг рутина, туку со самата формула, а овој ефект може да биде предизвикан од густи и тешки течни пудри кои влегуваат во порите. Затоа подобро е да побарате течна пудра со полесна текстура.