- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

Byredo Mumbai Noise – Слика на модерниот Мумбај, преполн со контрасти!

Преку новиот парфем Mumbai Noise, основачот на брендот Byredo, Ben Gorham посака да се потсети на Чембур, предградие на градот Мумбај во Индија. Овој парфем ја отсликува сетилната различност на неговото детство и носталгијата за местото.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by BYREDO (@officialbyredo)

Од млада возраст, скоро откако се родив, често патував во Индија каде поминував време со мојата баба во Чембур, Мумбај. Имам многу живи спомени од моето искуство таму и откако таа почина, не се вратив до своите 12ти години. Кога го направив тоа, се изгледаше екстремно различно, но се чувствуваше еднакво познато. Со Mumbai Noise, посакав да ја изразам таа идеја, да го презентирам истражувањето на градот денес, вкотвено во сеќавањата од минатото“, Ben Gorham, основач и креативен директор на Byredo.

Mumbai Noise poster

- Реклама -

Почит на културното наследство и еволуцијата на енергијата на Индија!

Со Mumbai Noise, Ben Gorham ги рефлектира сензоријалните мноштва кои ја карактеризираат детската носталгија за градот заедно со опкружувањето на современата реалност.

Воодушевувачкото изобилство на улиците на Чембур, зачадена магла од темјан и запалени шуми, прошарани со колички за кафе покрај улиците и какафонични звучни пејзажи, се прекршуваат низ современата призма, оддавајќи почит и на културното наследство на градот и на еволуцијата на неговата енергија.

Овој град на контрасти се рефлектира преку мирис кој е преполн со сопствени живи противречности на богати, топли шуми и килибар помешани со сјај, од слива Давана позиционирана до кожа, горчливо кафе измешано со слатки зрна тонка.

Обемна сензоријалност која наликува на Мумбај, од моментот кога ќе излезете од авионот, знаете дека сте на некое поинакво место“, вели Gorham.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by BYREDO (@officialbyredo)

Соработка за кампањата со фотографот Ashish Shah, индиски креативец!

За промоцијата на Mumbai Noise, Gorham соработуваше со индискиот креативец Ashish Shah, кој во септември во British Journal of Photography беше именуван како еден од дваесетте фотографи кои треба да се следат во 2021 година.

Западната перспектива на Индија е најверојатно иста како и пред векови. Но, Индија се стреми кон модерност. Низ Mumbai Noise и фотографиите на Ashish, се сретнуваат две перспективи“, Ben Gorham.

Сакав да ја фотографирам оваа кампања како увид во срцата и суштината на младата Индија. Ме интересираат животите што ги живееме, разговорите кои ги водиме, нивните соништа и нивната реалност“, објаснува Shah. „Земајќи ја мојата размена на мисли со Ben, неговите приказни и сеќавања за Мумбај, неговиот дом во Чембур и неговата баба, сакав да поврзам фрагменти од минатото (лично и колективно) и од современата Индија, за да покажам како сегашноста „Ние“ порасна од самото наше минато“.

Децибелите се судираат, но бучавата никогаш не станува прегласна. Луѓето од Мумбај наоѓаат хармонија во се. Аутсајдер би видел само хаос и бучава, но за мене постои ритам и пулсот што го гледам, чувствувам и доживувам“.

Byredo poster

Рекламна кампања со моделот Furquan Khan!

Моделот Furquan Khan вели: „Иако никогаш не мислев дека припаѓам на некој голем град, сфатив дека Бомбај е многу сличен на мене – хаотичен, бучен, непредвидлив, отворен и слободен. Сега танцувам во ритамот на Мумбај. Високите згради не ме заплашуваат повеќе, градскиот пејзаж; силните светла не ме прават повеќе збунет…Сега сум буден“.

Byredo во FABUspot!

Ексклузивниот новитет од колекцијата мириси на Byredo можете да го пронајдете во парфимеријата FABUspot!

Byredo Mumbai Noise visual