Новиот парфем на дизајнерот Marc Jacobs наречен Perfect Intense е ново издание на оригиналниот Perfect од 2020 година, нов парфемски столб на колекцијата на мириси на брендот Marc Jacobs.
#PerfectAsIAm
Новата линија претставува израз на оптимизам и оригиналност, инспирирана од мотото на дизајнерот „I am perfect as I am“ – „Јас сум совршен токму таков каков што сум“. Од брендот Marc Jacobs порачуваат дека треба да се прослави моќта на убавината во реалноста, смелоста и постоењето.
View this post on Instagram
Нотата на нарцис е задржана од оригиналното издание!
Мирисната композиција на Perfect Intense обезбедува свежо отворање, задржувајќи ја нотата од нарцис од оригиналното издание, измешана со цитрусната молекула Pamplezest и розов бибер. Кремното цветно срце од јасмин Самбак и печени бадеми, води до дрвенеста и топла основа од кашмир и сандалово дрво од Франција, од територијата на Нова Каледонија.
Шишето овој пат во жолта боја!
Шишето го задржува оригиналниот дизајн, овој пат во жолта боја, со кристално капаче крунисано со разни детали и приврзоци. Како што велат од брендот, секој од приврзоците лично го избрал креаторот Marc Jacobs.
Perfect Marc Jacobs Intense е достапен во шишенца од 50 и 100 мл, како Eau de Parfum.