- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

Изгледот на шминката зависи од начинот на кој се нанесува течната пудра. Изборот на кој начин нанесувате течна пудра може да ја подобри текстурата и изгледот на пудрата на лицето. Од друга страна, висококвалитетните течни пудри може да изгледаат многу полошо на лицето ако ги нанесувате со погрешна техника.

Затоа, ви откривам кои пудри е најдобро да се нанесуваат со прсти, четка или сунѓер за шминка.

прсти четка или сунѓер за шминкање

Прсти, четка или сунѓер за шминка?

Наједноставен начин за нанесување на течна пудра се прстите. Ако се сеќавате на вашите мејкап почетоци во тинејџерските денови, знаете дека тогаш не постоеја четки и сунѓери за шминка. Затоа, бевме принудени пудрата да ја нанесуваме со прсти. Овој начин за нанесување на шминката на лицето не е доволно хигиенски, пудрата навлегува под ноктите и по нанесувањето често се видливи траги од недоволно размачканата пудра на кожата.

Потоа се појавија четките за нанесување во различни форми: со рамно сечени влакна или со двојни влакна, кои стана незаменливи алатки во нашите несесери. Последно се појави сунѓерот за шминка, како револуција во нанесувањето на кремасти мејкап производи кој ги освои женските срца низ целиот свет.

- Реклама -

За кои од овие три „алатки“ треба да се одлучите при нанесувањето ќе го дознаете  во продолжение, но тоа најмногу зависи од текстурата на пудрата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ubavina za site (@ubavinazasite)

Прсти

Придобивки

Нанесувањето на течна пудра на лицето со прсти има свои предности: пудрата се нанесува експресно кога сте во брзање, не се губи време за чистење на разните четки, нема дополнителни трошоци за купување. Всушност ваквиот начин за нанесување е најекономичен. Со прсти најдобро се нанесуваат пудрите со лесна текстура или ББ кремите, кои немаат висока моќ на покривност. Ќе добиете убав ефект ако со прсти нанесувате лесни пудри со сјаен финиш, бидејќи така најдобро ќе го задржите сјајниот ефект на кожата. Топлината на прстите убаво ќе ја размачка пудрата и ќе ги активира пигментите кои убаво ќе се стопат со вашата кожа.

Недостатоци

Меѓутоа, честопати се случува вашите прсти лошо да ја размачкаат пудрата и да имате видливи линии на лицето. Со прстите нема да може прецизно да ја изедначете нијансата на пудрата на лицето со нијансата на кожата на вратот, така што ќе добиете ефект на маска на лицето. Прстите во никој случај не се погодни за нанесување на густи, мат пудри со висока покривност, затоа што не може добро да се нанеси пудрата во порите. Тоа е причината зошто го добивате ефектот на маска и пудрата ќе биде многу повеќе видлива на лицето, а тоа не го сакаме.

Што е најдобро за нанесување на течна пудра прсти

Четки

Придобивки

Постојат различни четки за нанесување на течна пудра. Најстари се оние со рамна форма, кои можат прецизно да ја нанесат пудрата на лицето, но не можат добро да ја изблендираат пудрата во кожата. Затоа, многу подобар избор е четката „buffing“, со која може многу лесно да се изблендира течната пудра во кожата. Таа ќе изгледа неприметно, со полиран и беспрекорен ефект. Четките особено се добри за густи тешки пудри со мат текстура, кои лесно можат да се нанесат на лицето. Популарни се „duo-fiber“ четките кои се најдобри за нанесување на пудра со лесна текстура. Покрај тоа, откако еднаш ќе вложите во четка со добар квалитет, со правилно одржување таа може да трае со години.

Недостатоци

Четките за течни пудри немаат некои посебни недостатоци. Она што ги издвојува од другите алатки за нанесување на течна пудра е што со нив се троши повеќе пудра, бидејќи тие апсорбираат од пудрата, затоа не се најекономично решение. Исто така мора да се мијат по секоја употреба, за да не дојде до развој на микроби на четката. Течните кремасти текстури кои остануваат во четката се идеална подлога за размножување на бактерии, што е особено опасно за луѓето со чувствителна кожа и склона кон акни. Четките можат да ја иритираат сувата и чувствителна кожа. За нив постои многу подобро решение, а тоа е сунѓерот за шминка.

Што е најдобро за нанесување на течна пудра четка за шминкање

Сунѓер за шминка

Придобивки

Најпопуларното „јајце“ на планетата дефинитивно е сунѓерот во облик на јајце, направен од гумена пена без латекс. Ова чудо претставува пресвртница во светот на шминкањето. Оригиналниот сунѓер за шминка има уникатна текстура со многу пори кои овозможуваат „air-brush“ ефект на кожата со минимална апсорпција на пудрата. Неговата голема предност е во тоа што можете да ги нанесете сите видови текстури: ББ креми, лесни пудри, но исто така и супер тешки, сценски пудри.

Со сунѓерот за шминка ќе добиете најприроден изглед на пудрата на кожата. Квалитетниот сунѓер за шминка исто така многу е економичен, може да се примени за секој мејкап производ (коректор, крем контури, хајлајтер, па дури и прашкастите производи како компактна пудра и руменило). Покрај тоа, речиси секој бренд има своја верзија на ова чудесно јајце, па затоа многу е прифатлив.

Недостатоци

Суѓерот за шминка бара посебна техника за нанесување со тапкање на производот на кожата, без влечење. Тоа мора да го совладате! Ако не се направени од квалитетен материјал, сунѓерите можат да бидат тврди и лошо да го блендираат производот на кожата. Колку се помали порите на блендерот, толку е поголема неговата цврстина. Не заборавајте дека сунѓерот за шминка секогаш се користи влажен. Ова е едена голема мана, бидејќи станува идеална подлога за развој на бактерии. Затоа, мора да се измие после секоја употреба. Голема мана е тешкото чистење, слојот од густите пудри може да се отстрани на посебен начин со комбинирање на масло и средство за чистење. Препорачувам сунѓерот за шминка да се замени на секои три месеци од хигиенски причини.

Што е најдобро за нанесување на течна пудра сунѓер за шминкање