Да се обезбеди место меѓу најпродаваните парфеми во светот не се случува преку ноќ. Покрај илјадници и илјадници мириси кои конкурираат меѓу себе, постигнувањето на култниот статус на класик е признание кое го добиваат само неколку парфеми, а тие што ќе го добијат тој статус дефинитивно ја постигнуваат својата цел. Парфемот несомнено е најперсоналниот производ за убавина што можеме да го имаме.
На пример, кармините за усни може да го постигнат култниот статус на класик со нивните формули и комбинации на нијанси, но нашиот вкус за парфеми зависи од фактори кои се длабоко вкоренети во нашата психа. На нив многу влијаат личните искуства и сеќавања, затоа изборот на парфем го надминува едноставното избирање на боја и формула како кај карминот за усни.
Најпродавани парфеми кои го заслужија култниот статус на класици!
Експертите објаснуваат дека нашето сетило за мирис е вкоренето во најпримарниот дел од мозокот, оној задолжен за преживување. Тој дел не се наоѓа каде што се интегрирани сите наши сетилни рецептори, но се наоѓа во оној дел од мозокот што помага во обработка на нашите секојдневни емоции. Ниту едно друго чувство што го имаме нема толку директна и интимна врска со областите на мозокот што ги обработуваат емоциите.
Затоа, парфемите што нè привлекуваат и кои потоа ги прскаме на зглобовите, навистина се многу важни и заслужуваат посебен статус. Кога и покрај нашето рафинирано и лично чувство за мирис, некои парфеми добиваат голем број на обожаватели ширум светот со милиони шишиња на полиците во парфимериите, тогаш со сигурност може да се каже дека тие парфеми го стекнаа култниот статус на класици. Во продолжение ви ги претставувам моментално најпродаваните парфеми во светот, за кои се вели дека вреди секое прскање со нив.