Marc Jacobs претстави нова мирисна колекција Marc Jacobs Daisy Spring која овојпат вклучува три мириси: Daisy Spring, Daisy Eau So Fresh Spring и Daisy Love Spring во препознатливите шишиња во светло зелена боја што алудираат на будење на пролетта. Мирисите се свежи, живописни и полни со ентузијазам. Композициите се базирани на свежи, ароматични, цветни и зачински нијанси, совршено усогласени да го опишат раѓањето на природата во пролет.
Daisy Spring
Daisy Spring е составен од ноти на латици од роза и зачинети ноти на кардамон кои создаваат фина текстура. Мирисот доаѓа во шише од 50 мл, како Eau de Toilette во ограничено издание.
Daisy Love Spring
Daisy Love Spring комбинира ноти на нежен розов божур, обвиткан во сонувачки и слатки ароми на смоква и млеко од смоква. Мирисот доаѓа во ограничено издание во шише од 50 мл, како Eau de Toilette.
Daisy Eau So Fresh Spring
Marc Jacobs Daisy Eau So Fresh Spring е создаден како хармонија на цветови од зелен чај, matcha чај и светли ноти на розов бибер. Мирисот доаѓа како Eau de Toilette во шише од 75 мл, како ограничено издание.